Корисни нешта на кои вреди да трошите дел од своето време
Проблемот на луѓето не е што не знаат да си го ценат времето, туку стравот дека може да го потрошат на нешто што не вреди.
Времето кое го имаме на оваа планета е ограничено и некои тоа го сфаќаат порано, некои подоцна, но и покрај тоа „висиме“ во погрешни кругови. Тогаш, зошто трошиме драгоцено време?
Многумина мислат дека луѓето всушност не знаат да ја ценат вредноста на времето.
Но, тоа не е точно. Луѓето знаат да го ценат своето време, но не се свесни колку е тоа лимитирано.
Дали вие самите сте свесни колку време губите на социјалните мрежи, на кафиња, на зборување по телефон...?
Кои активности вредат да инвестирате време во нив?
1. Вежбање
Ова особено важи за вежбите за загревање и истегнување. Вежбајте по работниот ден, по шетањето, по патувањето и за кратко ќе забележите дека станувате физички посилни.
2. Време со саканите
Без разлика што и да правите, времето кое го поминувате со луѓето кои ви значат ќе ве направи посреќни, позадоволни и поенергизирани.
3. Учење како вашето тело функционира
Вложете доволно време за да сфатите што му пречи на вашето тело, а што прави да се чувствувате подобро.
4. Водење дневник
Тука не се мисли на тинејџерските љубовни дневници, туку на квалитетен планер во кој запишувате важни нешта, кои подоцна ви помагаат да увидите каде сте направиле пропуст или што било корисно за вас.
5. Правење финансиска стратегија
Сигурно веќе имате некаква финансиска стратегија, но секогаш може да биде подобра. Ова време вреди да го потрошите, со цел повешто да располагате со парите.
6. Гледање добри филмови и серии
Можеби многумина ќе ви речат дека сериите се губење време, но ако вие уживате во тоа, тогаш не е залудно. Истото важи и за слушањето музика.
7. Читање
Започнете го и завршете го денот со неколку прочитани страници. И никогаш не испуштајте ден.
8. Зборување за животот
Споделените проблеми, дилеми и среќни моменти се големо олеснување за вас. Не го трошете своето време на луѓе кои не знаат да ве слушаат.
9. Смеење
Има ли нешто подобро од смеењето? Тоа не може да ви наштети, туку само да направи да се чувствувате подобро.
10. Работење на целите
Секоја минута потрошена за да одите понапред во остварувањето на своите цели е далеку од залудна.
Е. Д. | Црнобело