„Отсекогаш бевме сродни души“: Се запознале на 3 години и оттогаш не се разделиле
„Ние сме жив доказ дека може да се вљубите кога сте многу млади и тоа да опстане“, вели вљубениот пар.
Метју и Стефани Џорџ од Велика Британија имаат 26 години и се родители на малата Ерика. Тие се запознале на 3-годишна возраст и оттогаш се неразделни. Стапиле во брак 2 децении по запознавањето.
Станале најдобри пријатели во градинка, па момче и девојка во училиште, па родители во 2013, па маж и жена во 2016.
Парот им се спротивставил на негативните прогнози на сите околу нив кои велеле дека нивната врска нема шанси да опстане од толку млада возраст. Тие ја започнале врската на 13 години.
Стефани вели дека уште кога го запознала Метју на 3-годишна возраст знаела дека е специјален и дека со него никогаш нема да ѝ биде здодевно.
Денот кога ја побарал за сопруга вели дека ѝ е најдобриот ден во животот.
С. С. | Црнобело