Психолошки трикови: Ако сакате да направи нешто што мрази, дадете му 2 лоши избора

Како луѓето да ве сакаат, како да не се оптоварувате со својот изглед и уште 2 техники за подобар живот.

psiholoshki-trikovi-ako-sakate-da-napravi-neshto-shto-mrazi-dadete-mu-2-loshi-izbora-01.jpg

Во тешки ситуации сигурно посакувате да имате некое магично копче кое ќе реши сè.

За жал, такво нешто не е измислено, но постојат психолошки трикови со чија помош полесно ќе се справите со тешкотиите.

Психолошки трикови што ќе ви помогнат во животот:

Ако сакате личност да стори нешто што мрази, понудете ѝ 2 неатрактивни предлози

Ако сакате некоја личност да направи нешто што не сака да направи, тогаш не прашувајте ја дали би сакала, туку понудете ѝ 2 неатрактивни избори.

Со двете опции пред себе на неа ќе ѝ изгледа дека сепак има избор и незадоволството кај неа ќе биде помало затоа што ќе смета дека го избрала од двете зла помалото.

На пример ако барате извештај од некој, не прашувајте дали ќе ви го донесе, туку прашајте дали ќе ви го донесе денес или за 3 дена. На овој начин луѓето чувствуваат дека се значајни и имаат илузија дека ја контролираат ситуацијата.

psiholoshki-trikovi-ako-sakate-da-napravi-neshto-shto-mrazi-dadete-mu-2-loshi-izbora-02.jpg

Ќе ѝ се допаднете на другата личност ако ги нагласите сличностите помеѓу вас

Многу луѓе ја знаат моќта на гестовите во текот на разговорите. Но, исто така позитивен ефект има ако и во текот на разговорот посочите за кои работи имате слични мислења и ставови со соговорникот.

Потсетете се само колку се среќни туристите кога во некоја далечна земја ќе сретнат човек од нивната татковина или пак колку вам ви е пријатно чувството кога ќе сретнете некој со кој сте оделе во исто училиште. Таа личност веднаш ви станува помила и попријатна.

psiholoshki-trikovi-ako-sakate-da-napravi-neshto-shto-mrazi-dadete-mu-2-loshi-izbora-03.jpg

Давајте комплименти секој ден

Нека ви стане навика секој ден да кажувате убави зборови и да делите комплименти, дури и кога сте во лошо расположение, а денот не ви ветува пријатни средби.

На почетокот ќе ви биде тешко, но откако ќе видите колку убаво реагираат луѓето на тоа ќе почне природно да ви доаѓа.

Комплиментите не давајте ги само на роднините и пријателите, туку и на такси возачите, продавачките и колегите и ќе видите како и ним и вам ќе ви се разубави денот.

psiholoshki-trikovi-ako-sakate-da-napravi-neshto-shto-mrazi-dadete-mu-2-loshi-izbora-04.jpg

Не преувеличувајте го вниманието што другите ви го посветуваат вам

Се концентрираме премногу на себеси, па така кога не изгледаме најдобро наутро мислиме дека сите зјапаат во нас.

Тоа се вика „ефект на барање“, односно преувеличување на важноста на нашиот изглед и делата на другите луѓе, сметајќи дека фокусот секогаш е на нас.

Потсетете се на вашето патување надвор од земјата кога не трошевте часови на средување наутро пред огледало, јадевте што сакате и се чувствувавте одлично. Така опуштени треба да бидете и во секојдневниот живот. Комфорот нека ви биде на прво место.

psiholoshki-trikovi-ako-sakate-da-napravi-neshto-shto-mrazi-dadete-mu-2-loshi-izbora-05.jpg

Прочитајте уште ефикасни психолошки трикови!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg