Како живеењето сами во голем град ве учи да бидете возрасни?

Селењето во голем град е навистина голем и храбар чекор кој целосно го менува вашиот живот, пред сè, затоа што не сте дома и ги немате најблиските покрај себе.

kako-zhiveenjeto-sami-vo-golem-grad-ve-uchi-da-bidete-vozrasni-01.jpg

Без разлика дали ќе одлучите да живеете сами или ќе делите сместување со цимери, тоа искуство ќе ве научи на многу вредни животни лекции.

Уште од првиот ден ќе се почувствувате како на голема врата да влегувате во светот на возрасните и дека врз себе имате многу поголема одговорност отколку кога бевте дома.

Овие животни лекции ќе ги научите уште по првите неколку недели живот надвор од дома:

Повеќе вложувате во одржување на врските

Осаменоста во непознато место е лоша, па затоа ќе се потрудите да ги одржите сите контакти кои ќе ги воспоставите. Тоа е природен нагон, потреба секогаш да имате кому да се јавите или да излезете на кафе.

Имате ден за перење и ден за пазарување

Кога некој друг го правеше тоа за вас беше сè супер. Но, сега морате самите да планирате во кој ден ќе пуштите машина за перење, а во кој ќе одите до пазар или маркет, за да не се оставите без храна или чиста облека.

kako-zhiveenjeto-sami-vo-golem-grad-ve-uchi-da-bidete-vozrasni-02.jpg

Наоѓате омилен локал во градот

Го избегнувате централното градско подрачје и наоѓате локал во периферијата кој е по ваш вкус и поминувате доста време.

Имате свој буџетски план

Знаете со колку пари располагате и правите план на приоритетните трошоци и тоа одлично функционира.

kako-zhiveenjeto-sami-vo-golem-grad-ve-uchi-da-bidete-vozrasni-03.jpg

Не се срамите да барате помош

Знаете дека нема ништо лошо во тоа да замолите некого да ви помогне со што било, од учење нови нешта, па до помош за менување на прегорена светилка.

Подетално ја планирате иднината

Затоа што сега сте одговорна личност, ја знаете и важноста на планирањето однапред, за што и да треба - од финансии, до активности во текот на денот. Истото важи и за долгорочните планови.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg