Како да си ја вратите енергијата за време на зимските ладни денови?

По празничниот период и во зимските ладни денови, дефинитивно ни е потребно нешто со чија помош ќе успееме да ја вратиме и обновиме енергијата.

kako da ja vratite energijata za vreme na zimskite ladni denovi-01.jpg

Некои живи суштества ја имаат среќата да хибернираат во ваквите ладни денови и ноќи, но ние луѓето, сепак, мораме да продолжиме со секојдневните активности.

Ако и вие се чувствувате немоќно, стресно и тажно поради кратките денови и студот, не грижете се, „маката“ ја делите со уште илјадници и илјадници други луѓе.

kako da ja vratite energijata za vreme na zimskite ladni denovi-02.jpg

Најважно од сè е да не се предадете на меланхолијата, туку да продолжите, колку што можете, да се социјализирате. И секако, грижете се и за физичкото здравје.

Редовно вежбајте

Физичката активност ослободува ендорфин, кој имаат ефект врз подобрување на расположението. Вклучете се во некој зимски спорт. Дружењето со другите ќе ве направи посреќни и порасположени и што е најважно, мотивирани.

Излегувајте на дневна светлина

Деновите се кратки, но тоа не значи дека не можете да ги искористите за да излезете на дневна светлина. Природната светлина, особено ако пробива и по некој сончев зрак, ќе ја поттикне вашата енергија и ќе ве направи порасположени за секојдневните активности.

kako da ja vratite energijata za vreme na zimskite ladni denovi-03.jpg

Избегнувајте лоша храна

Вашата омилена зимска храна е преполна со масти и шеќери, но колку и да е надвор ладно, тмурно и сакате само да седите дома и да јадете, треба да ги негувате истите здрави навики како и во останатиот дел од годината.

kako-da-ja-vratite-energijata-za-vreme-na-zimskite-ladni-denovi-003.jpg

Пешачете

Пешачењето ќе ви го подобри крвотокот и крвниот притисок и ќе ве исполни со доволно енергија за до крајот на денот.

Избегнувајте алкохол

Консумирајте го во разумни дози. Ограничете се на една до две чаши зависно од настанот. Можеби мислите дека ве орасположува, но ако претерате, ефектот е сосема спротивен.

kako-da-ja-vratite-energijata-za-vreme-na-zimskite-ladni-denovi-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал ком...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Се заколнуваат на тајност до крајот на животот – Строгите правила што ги следат агентите на ЦИА Нормално, мора да се заколнат на лојалност на САД и ако ја предадат државата на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg