До колку години вашиот живот треба да биде „ставен во ред“?

Некои луѓе се жалат дека љубовниот живот им е катастрофа, други ја мразат својата кариера, а трети велат дека немаат вистински пријатели, но кога работите ќе се стабилизираат?

do-kolku-godini-vashiot-zhivot-treba-da-bide-staven-vo-red-01.jpg

Дали на моменти ве фаќа паника дека не сте на местото на кое посакувавте да бидете во животот на возраста на која сте? Дали ви изгледа дека работите не ви одат по план и дека испуштате некои возови?

Што велат научните истражувања? На колку години вашиот живот треба да биде „доведен во ред“?

Според едно ново британско истражување, треба да биде на 39-годишна возраст. Ако сте во 20-тите или на почетокот од 30-тите, тогаш нема зошто да сте во паника.

Во истражувањето учествувале 2.000 луѓе за да се испита на која возраст треба да се имаме смирено и да пронајдеме сигурност во различни аспекти од нашиот живот, како што се љубовта, врските и кариерата.

Истражувањето покажа дека за некои други работи сигурност треба да ја пронајдеме и порано и тоа до 29 години да имаме цврста група на пријатели, а до 31 година да сме ја сретнале и да сме се вљубиле во вистинската личност.

do-kolku-godini-vashiot-zhivot-treba-da-bide-staven-vo-red-02.jpg

Но, не грижете се, ова истражување покажува како треба, а не како мора. Плус, 44% од испитаниците откриле дека чувствуваат дека нивниот живот нема никогаш да го стават во ред комплетно.

25% изјавиле дека љубовниот живот им е катастрофа, а 74% дека минуваат повеќе време во одложување на работите, отколку во обиди за решавање.

78% откриле дека чувствуваат притисок околу нивниот начин на живот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg