11 причини зошто треба повеќе да читате книги
7. Читањето ја зајакнува концентрацијата
Во модерниот свет, во текот на еден петминутен период, една просечна личност го распределува своето внимание на работните задачи, читањето на пристигнатата електронска пошта, на разговорите со пријателите и деловните соработници преку чет или скајп, на проверувањето на својот мобилен телефон... Сето ова влијае значајно да се намали нашата продуктивност.
Додека читаме некоја интересна книга, фокусирани сме исклучиво на приказната, додека сè околу нас како да не постои. Доволно е да читате барем 15-20 минути пред да започнете со своите работни активности и веќе од првиот ден ќе бидете потполно изненадени колку е подобрена вашата концентрација.
8. Читањето како превенција од Алцхајмерова болест
Едно неодамнешно исцрпно истражување на тим од американски научници недвосмислено покажало дека старите луѓе кои го окупираат мозокот со активности како што е шахот, решавањето загатки или читањето книга имаат два и пол пати помалку шанси да заболат од Алцхајмер во однос на луѓето кои го трошат своето време на помалку стимулативни активности.
Иако тоа не значи дека со читањето сигурно ќе ја спречите појавата на болеста, сепак утврдено е дека постои силна врска измеѓу читањето книга и превенцијата од оваа опасна болест.
9. Книгата ги ублажува симптомите на депресија
Дури 76% од учесниците во едно истражување во Велика Британија, изјавиле дека читањето го подобрува квалитетот на нивниот живот и им помага да се чувствуваат подобро. Оние кои редовно читаат се позадоволни од својот живот, посреќни се и имаат повеќе самодоверба.
Читањето може да ни го олесни прифаќањето на реалноста. Нè поттикнува да го истражуваме непознатото и да развиваме идеи кои можат да доведат до позитивни промени во нашиот живот.
10. Читањето олабавува и го намалува стресот
Добриот роман или интересната стручна книга се совршен начин за олабавување и ослободување од стресот. Без разлика колку проблеми имате на работа, во личните односи или во било кое друго поле од секојдневниот живот, ќе заборавите на сè кога ќе се вдлабочите во читањето на некоја добра книжевна приказна.
Според една научна студија од 2009-та година, скоро 6 минути читање на интересен расказ го смалува стресот за неверојатни 68%
11. Читањето го развива аналитичкото размислување
Дали некогаш сте прочитале некој трилер роман и сте успеале сами да ја решите мистеријата уште пред завршетокот на книгата? Тоа е можно единствено ако сте ги земале во обѕир сите факти и околности и од книгата сте направиле детална анализа.
Ако е така, тогаш сте успеале со читањето да ја зголемите аналитичката вештина, која сигурно ќе ви биде од корист во подоцнежниот развој на кариерата. Без разлика дали сте адвокат, трговец, лекар... секоја работа се извршува подобро со добра анализа.
М. П. | Црнобело