11 причини зошто треба повеќе да читате книги
Денес многу од младите, за жал, сметаат дека читањето книга е хоби само на интровертните, слабите и асоцијалните луѓе.
Меѓутоа, тие се во голема заблуда затоа што со нечитањето се лишуваат себеси не само од задоволството кое секоја книга може да го пружи, туку и од разните позитивни ефекти произлезени од читањето.
Науката со силни факти го поткрепува тврдењето дека читањето книга носи многу бенефити, пред сè кога се во прашање интелектуалните и емоционалните капацитети на мозокот.
Придобивки од читањето кои ќе ве натераат да отворите некоја книга:
1. Кој редовно чита книги, секој ден учи нешто ново
Можете да изгубите многу работи во животот, но знаењето никој не може да ви го одземе. Читањето книги не само што ви помага да ја одржите веќе постоечката ризница на знаење, туку и ја проширува.
Читањето постојано го снабдува нашиот мозокот со нови информации, а никогаш не се знае кога тие ќе ни затребаат во животот. Што повеќе знаење имаме, толку сме поспремни да одговориме на различните предизвици кои ни ги носи животот.
2. Со читањето го прошируваме речникот
Колку повеќе книги читате, толку повеќе нови зборови ќе најдат во вашиот секојдневен речник. Поширокиот вокабулар и способноста за убавиот говор ја зголемува вашата самодоверба.
Покрај тоа, добро дефинираниот говор и правилното изговарање на зборовите можат да ви бидат од голема помош во секоја професија. Начитаните луѓе се добри говорници кои можат да зборуваат на разни теми, високо се ценети во деловниот свет и брзо напредуваат во кариерата.
3. Читањето ве прави подобра личност
Во едно истражување од 2013 година, е споредена работата на мозокот кај две групи на луѓе. Едните пред експериментот читале некоја книга, додека луѓето од другата група не читале.
Со скенирањето на мозокот, експертите утврдиле дека читањето на книга пробудило чувство на грижа и емпатија кон другите, што не било случај и кај испитаниците кои не читале.
4. Читањето е заразно
Родителите кои сакаат да ги натераат своите деца да го засакаат читањето, можат тоа да го направат така што ќе читаат дома секојдневно на глас. Научно е докажано дека децата на училишна возраст чии родители гласно читале книги, имаат поголеми шанси да развијат склоност кон читањето.
Тоа значи, драги родители, дека доколку сакате вашите најмили да го засакаат читањето книга, треба да им читате приказни за добра ноќ на своите најмили, бидејќи тоа е најдобриот начин.
5. За поостар ум
Не само што со читањето стануваме попаметни, туку и нашиот ум станува побистар. Една американска невролошка студија докажала дека читањето книга е важна работа во животот на секој човек, почнувајќи од неговото детство па сè до позрелите години.
Луѓето кои во текот на целиот живот редовно читаат, имаат развиени ментални способности и имаат подобро памтење во сите животни периоди.
6. Читањето ја подобрува меморијата
Додека читаме книга, запознаваме многу нови ликови, нивниот карактер, амбициите, всушност, целиот нивен свет. Сите тие информации мозокот ги собира и чува.
Секое ново сознание кое мозокот го складира во својата меморија поттикнува развој на нови и ги зајакнува веќе постоечките мозочни синапси, што особено влијае врз зајакнувањето на нашата меморија, особено краткорочното памтење.