8 чудни работи кои ги правите, но за кои постои научно објаснување
Понекогаш во нешто веруваме толку силно што сами можеме да го уништиме објектот на нашата верба
Иако ни изгледа дека колку повеќе посакуваме нешто, толку се поголеми шансите тоа да се случи, во реалноста често е обратно. Колку повеќе луѓето веруваат во нешто, толку поверојатно е дека ќе го уништат тоа во кое веруваат.
На пример верувањето дека возите безбедно, понекогаш може да направи да бидете премногу самоуверени и со тоа да не ги видите опасностите на патот. Преголемата самодоверба може да направи човекот да се однесува невнимателно.
Се смееме и климаме со главата дури и кога не ја разбираме ситуацијата
Замислете дека не слушнавте што кажа вашиот соговорник, која е шансата да му кажете да повтори? Навистина мала. А сега замислете дека тој ви повторил, но повторно не сте го разбрале. Во оваа ситуација 98 од 100 луѓе само ќе се насмевнат и ќе климнат со главата како сè да им е јасно.
Често луѓето се преправаат дека знаат и разбрале нешто, иако не ја разбираат темата, и како причина за тоа се смета фактот што во општеството се ценети знаењето и свесноста. Колку е попаметен човекот, толку е поголема веројатноста дека искрено ќе каже „не знам“, затоа што тој трезвено им пристапува на своите способности.
Колку ѝ е подобра репутацијата на некоја личност, толку е во поголемо искушение да направи нешто забрането
Познат политичар фатен како зема мито, популарен актер кој е семеен човек фатен на неверство... Ваквите ситуации не се реткост и се поврзуваат со ефектите на моралната доверба,
Човек со идеална репутација со години лесно почнува да се смета себеси за совршен во одреден миг, па ако е добар, тогаш може да си дозволи многу работи.
Психолозите велат дека е опасно да се контролираат и потиснуваат емоциите предолго, затоа што порано или подоцна личноста ќе пукне поради сите тие ограничувања и забрани.
Тинејџерите се поранливи од другите луѓе
Тинејџерите се многу чувствителни на критики. Сметаат дека се во фокусот на вниманието и дека другите секојдневно ги проценуваат и судат. Многу луѓе овој период го нарекуваат транзиционен и не му даваат големо значење.
Со скенирање на мозокот на тинејџери дојдено е до заклучок дека тие имаат повеќе активни области одговорни за нивните мисли за себеси. Најмногу насочени кон тоа што другите мислат за нив. Токму и затоа тинејџерите запаѓаат во неволји, водени од желбата да ја истакнат својата индивидуалност.
С. С. | Црнобело