Маж ја напуштил работата за да се облекува како Спајдермен и да усреќува болни дечиња
Тој има 35 години и срце на херој, неговата инспиративна мисија ги топи срцата.
Рики Мена (35) од Калифорнија работел како обезбедувач, но потоа одлучил да даде отказ и да лансира свој непрофитен бизнис „Heart of a Hero“.
Тој се облекува како Спајдермен, посетува болни дечиња и се обидува да им измами насмевка на лицето. Во мрачните мигови сака да им подари зрак среќа.
Кога го облекол костимот на суперхерој за првпат почувствувал дека тој е избран. Тоа било во 2014 година и оттогаш не запира со својата мисија.
Досега посетил повеќе од 11.000 болни дечиња на кои им носел подароци.
Сега работи паралелно како графички дизајнер за да може да го финансира својот сон да им помага на дечињата. Му помага и сопругата.
Запознајте го херојот од вистинскиот живот:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





