Психолог-нобеловец тврди: „Повеќето луѓе не сакаат да бидат среќни“

Сите ние мислиме дека сакаме да сме среќни, но многумина работат спротивно на тоа, смета психологот Даниел Канемен, кој во 2002 година доби Нобелова награда за економија.

psiholog-nobelovec-povekjeto-lugje-ne-sakaat-da-bidat-srekjni-01.jpg

Според него, среќата и задоволството се различни чувства. Среќата е нешто што се случува моментално, а задоволството е долготрајно и изградено врз постигнатите цели и градењето на животот кој го сакаме.

Како пример за секојдневна среќа и чувство кое е пријатно, според Канеман е дружењето со пријателите. Тој смета дека луѓето кои се фокусирани на долгорочни цели не даваат приоритет на социјализацијата, бидејќи се презафатени „работејќи“ на поголемата слика.

Така, тој тврди и дека луѓето не знаат да направат разлика меѓу среќата и задоволството и многу често барајќи среќа, се лишуваат токму од задоволството.

Како пример ги зема секојдневните дефиниции за среќа. Ако не сте гладни, ако сте облечени и ако имате покрив на глава, тогаш имате и капацитет да бидете среќни како и најбогатата личност на светот. Но, дали е тоа така?

psiholog-nobelovec-povekjeto-lugje-ne-sakaat-da-bidat-srekjni-02.jpg

На патот меѓу моменталната среќа и трајното задоволство

Задоволството е нешто што го формираме ретроспективно, сеќавајќи се на своите подеми, успеси и надминувања на проблемите. Среќата е нешто што ни се случува во реално време и е со рок на траење. Но, проблемот се појавува кога забораваме на дел од тие среќни моменти, па не можеме да се повикаме на нив кога го градиме задоволството. Тогаш сме мислеле дека се минорни и неважни, но всушност, сите тие влијаеле врз градењето на задоволството.

На пример, кога личност оди на одмор, а не ѝ е дозволена употреба на фотоапарат, тогаш тие од страв дека нема да запаметат ништо, навистина ги „бришат“ тие спомени. Ова се одразува и преку активноста на социјалните мрежи. На многумина им треба да објават фотографија или статус, за да можат да запаметат дека во даден момент биле среќни и потоа да го вметнат тоа во долготрајното задоволство.

Затоа, Канеман ги советува сите да градат спомени кои ќе резултираат во задоволство, за кога лицето ќе се повика на нив, да знае дека било среќно и дека тоа што го направило е значајно.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg