Зборува само за неа, предизвикува драми и уште 10 знаци дека „најдобрата“ другарка всушност не ви е потребна
Многу често жените живеат во заблуда за пријателството и очекуваат пријателки како од познатите серии и филмови.
Но, најчесто, тие пријателства не се вистински и не ви се потребни во животот, доколку ги имате вистинските личности покрај вас.
Многу пати се случува жените да нарекуваат некој најдобра другарка, но ако се земат сите реални факти предвид, ќе сфатите дека личноста не ви е вистинска пријателка.
Можеби сте навикнати на некои работи, па не го забележувате она што е лошо, дволично, себично и сè останато што не ви е потребно во животот.
Следниве знаци ќе ви покажат дека најдобрата другарка всушност не ви е потребна во животот, бидејќи не е вистинската:
1. На сите собиранки, таа зборува само за неа и сè се врти околу неа.
2. Постојано измислува одговори кога ќе ја викнете да излезете.
3. Постојано се жали и се расправа за секакви ситници.
4. Секогаш предизвикува драма каде и да е појави.
5. Не споделува ништо за неа, а секогаш ве распрашува за скокотливи тајни од вашиот живот.
6. Ги гледа пријателите како противници во некој непостоечки натпревар.
7. Лаже и измислува приказни кога сака да привлече внимание или симпатии.
8. Се дружи со вас само кога ѝ треба нешто (независно дали покажува директноили индиректно).
9. Зборува лошо за другите пријатели зад грб иако пред нив се однесува како да се сестри
10. Раскажува работи кои пријателите ѝ ги довериле на други луѓе (веројатно тоа го прави и со вас колку и да мислите дека со вас е поинаква).
11. Има премногу барања и дружењето со неа следи со упатство.
12. Сака сите околу неа секогаш да се сложуваат со тоа што таа има да го каже.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





