Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Се запознале еден ден по раѓањето, а се венчале 30 години подоцна

Изгубиле контакт сè до пред 5 години кога една средба се покажала како судбоносна. Сега го очекуваат своето прво дете.

se-zapoznale-eden-den-po-ragjanjeto-a-se-venchale-30-godini-podocna-01.jpg

Џема и Даниел Ленгли се запознале еден ден откако биле родени во иста болница, а сега очекуваат свое дете.

Нивната неверојатна љубовна приказна се протега во тек на три децении. Се запознале како новороденичиња кога нивните мајки пред породувањето биле сместени една до друга.

se-zapoznale-eden-den-po-ragjanjeto-a-se-venchale-30-godini-podocna-08.jpg

se-zapoznale-eden-den-po-ragjanjeto-a-se-venchale-30-godini-podocna-04.jpg

Мајките се здружиле многу. Џема била родена на 14-ти април, а Даниел на 15-ти. Нивните родители продолжиле да се дружат до периодот кога децата имале 9, 10 години, па изгубиле контакт.

se-zapoznale-eden-den-po-ragjanjeto-a-se-venchale-30-godini-podocna-09.jpg

se-zapoznale-eden-den-po-ragjanjeto-a-se-venchale-30-godini-podocna-07.jpg

se-zapoznale-eden-den-po-ragjanjeto-a-se-venchale-30-godini-podocna-02.jpg

Во 2013 Џема налетала на Инстаграм профил на една фризерка, која всушност била сестрата на Даниел, па така одлучила да го побара и него на Фејсбук и започнале комуникација.

Закажала термин и отишла во салонот, кој се наоѓал во семејниот дом на Даниел. Тој се појавил додека неговата сестра на Џема ѝ правела фризура и оттогаш не престанале да се гледаат.

Во 2014 и официјално станале пар.

На Нова Година во 2016 Даниел ја запросил Џема, а свадбата се одржала во април 2017. Се вселиле во нивни заеднички дом и го очекуваат своето прво дете во март 2019, по три децении откако прв пат се запознале.

se-zapoznale-eden-den-po-ragjanjeto-a-se-venchale-30-godini-podocna-06.jpg

se-zapoznale-eden-den-po-ragjanjeto-a-se-venchale-30-godini-podocna-05.jpg

se-zapoznale-eden-den-po-ragjanjeto-a-se-venchale-30-godini-podocna-03.jpg

„Сите сметаат дека нашата љубовна приказна е луда, а јас мислам дека ни е судено да бидеме заедно“, вели Џема.

se-zapoznale-eden-den-po-ragjanjeto-a-se-venchale-30-godini-podocna-10.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-споредби: Луѓе кои си го промениле животот и се претвориле во друга личност Вежбање, поздрава исхрана, но и генерално подобра грижа за себе – луѓе покажуваа...
Како изгледаат 14 славни мажи и нивните синови на иста возраст? Бруклин Бекам, кој неодамна наполни 25 години, не се разликува многу од неговиот...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Луѓе кои сами си го разубавија домот и не можат да престанат да се фалат (фото) „Имав заштедено 400 евра и два слободни викенда, па решив да ја преуредам кујнат...
Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg