Слатка магија - 19 традиционални божиќни колачиња од мајсторите на европскиот континент
Како настанале колачињата? Овој процес e практично „среќна несреќа“, кога мала количина од тестото за колач било ставено на печење во рерна со цел да биде тестирана температурата. Всушност, зборот колаче потекнува од холандскиот збор Koeptje [koekje] и значи „мал колач“.
Иако првите колачиња датираат од 7 век од Персија, првата земја која употребила шеќер во изработката на софистицирани слатки и десерти, техниките брзо се прошириле низ Европа.
Низ вековите, колачињата еволуирале во поглед на вкусот и формата – со путер, јатки, зачини, чоколадо, полнети со џем или посипани со шеќер. Слатката турнеја започнува од европскиот континент кој патем има најголем избор на рецепти за колачиња.
Ова и не е преголемо изненадување, бидејќи Европјаните ја имаат усовршено уметноста за изработка на ситни колачиња, бидејќи истите ги прават 1000 години наназад.
*Со цел полесно да ги пребарувате колачињата, доколку сте во потрага по нивниот состав, изглед или рецепти, ги пренесуваме со оригиналните имиња и краток опис:
Германија & Австрија: Lebkuchen, Zimtsterne, Hasselnusmakronen, Linzer, Vanillekipferl
Lebkuchen – можеби најпопуларното божиќно колаче во Германија. Ова е ѓумбир-колаче кое најчесто се прави со мед и многу зачини, а понекогаш се додава и марципан.
Уште еден интересен податок – традицијата на изработка на слатките декоративни куќички со вкус на ѓумбир започнале токму во Германија.
Haselnussmakronen – меко и растегливо колаче со бадеми.
Zimtsterne – колаче во облик на ѕвезда со вкус на цимет, уште едно традиционално германско колаче со бел, шеќерен прелив.
Vanillekipferl – најпопуларното австриско божиќно колаче во облик на полумесечина, со примеси на ванила и путер.
Linzer kekse – уште едно австриско „сендвич“ колаче чие тесто има изразен вкус на јатки, односно бадеми во случајов, а двете половинки се залепени со џем од малини.
Ginger linzer cookies with butter caramel – уште една варијација на популарните „Linzer“ колачиња, овој пат во комбинација со ѓумбир, путер и карамел.
Италија: Biscotti, Amaretti, Panforte, Strufolli
Chocolate-dipped almond biscotti – традиционални тврди бисквити со чоколаден прелив и додатоци како бадеми.
Chocolate Panforte – традиционален италијански „лебен“ колач со јатки и суво овошје, слично на нашиот милиброд.
Chewy Amaretti Cookies – колачиња со бадем
Ricciarelli – уште едно бадемово колаче од Сиена.
Struffoli – традионален божиќен десерт од Неапол, малечки топчиња од тесто кои се пржат во врело масло и се посипуваат со рендана кора од портокал и лимон, прелиени со мед на крајот.
Уште 8 традиционални божиќни колачиња од Европа на следната страна...
Би можело да ве интересира:





