Четири типови на луѓе родени во декември - по што се разликуваат од другите луѓе?

Луѓето родени во последниот месец од годината, поседуваат многу карактеристики кои ги прават посебни и ги одвојуваат од другите луѓе.

Cetiri-tipa-na-lugje-rodeni-vo-dekemvri-01.jpg

Декември за многумина е најладниот месец во годината, а за други пак највеселиот. Оние коишто се родени во декември се родени во хороскопските знаци Стрелец или Јарец.

Едно истражување покажало дека овие луѓе се многу помирни и подисциплинирани во детството.

Нивниот камен е тиркизот кој се смета за еден од најстарите во историјата. Симболизира мудрост и заштита, а според многубројните верувања носи моќ и среќа. Цветот кој им припаѓа на луѓето родени во декември е нарцисот.

Луѓето родени во декември може да се поделат во 4 групи и доколку сте заинтригирани прочитајте по што се разликуваат едни од други и од сите останати на кои во личната карта не им е впишан 12-тиот како месецот на раѓање:

1 – 8 декември

Отпорни се на повреди. Нивните животи се темелат на конзистентност и стабилност. На прв поглед изгледаат малку арогантно, но всушност тие имаат голема самодоверба. Емоционално послабите луѓе се плашат малку од нив.

Се одликуваат со силно изразена волја и храбри се. Многу се друштвени и сакаат да се дружат и мешаат со луѓе.

9 – 15 декември

Доколку имате потреба од конструктивен разговор или ви треба рамо за плачење, родените во овој период на декември ќе ви бидат од голема помош. Умеат многу добро да даваат совети, силни се и без проблем може да ги поминат и најтешките препреки во животот.

Особено се снаодливи кога треба да решат некој проблем, без разлика дали сопствениот или нечиј туѓ. Кога ќе се посветат на некоја цел, ќе направат сè што е во нивна моќ да ја остварат.

6 – 22 декември

Овие луѓе како да се родени под среќна ѕвезда. Тие се независни индивидуалци кои веруваат во слобода и го живеат животот според сопствените правила. Воопшто не се оптоваруваат што мислат другите за нив.

Остроумни се и одлично се снаоѓаат во работи и задачи кои бараат силна концентрација имаат мошне развиена смисла за хумор, обожаваат да носат разиграни модни комбинации и секогаш се во центарот на вниманието.

23 – 31 декември

Нема да запознаете пооптимистични луѓе од оние родени во последната недела од декември. Многу се емотивни и друштвени, а оваа комбинација ги прави посветени луѓе кон семејството и пријателите. Сепак, кога станува збор за пријателството многу се избирливи и не пуштаат лесно нови луѓе во животот.

Имаат мал круг на пријатели од доверба, па кога конечно ќе им станете пријател тоа значи дека многу ве ценат и ви веруваат. Креативни се, имаат многу сјајни идеи и обожаваат да патуваат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg