Како да препознаете дали си имате работа со ментално и емоционално нестабилна личност?
Иако повеќето мислат дека „психопатите“, односно луѓето со ментални нарушувања може да се препознаат на прв поглед, се лажат.
Овие луѓе се ментално и емоционално нестабилни, не сочувствуваат со никого и се фокусирани само кон себе, а најчесто не може да препознаете дека се нестабилни од прво гледање.
Па така, може да „заглавите“ со таква личност, а кога ќе си го покаже вистинското лице, да не знаете како да избегате.
Овие личности може да бидат добро друштво во канцеларија, добри соседи или познаници, но едно е сигурно – ќе се соочите со сериозна психолошка неудобност на долгорочен план.
Затоа, добро е да знаете некои симптоми на ментално и емоционално нестабилна личност и навреме да се тргнете кога ќе увидите одредено однесување:
Изгледа совршено
Ваквите личности многу често изгледаат атрактивно и привлекуваат сечие внимание, а се прилично комуникативни.
Знаат како да ги изненадат сите и сите дејствија им се добро искалкулирани пред да ги направат, а од клучно значење им е да бидат во центарот на вниманието по секоја цена.
Имаат ненадејни реакции на лутина
Сите имаме тешки денови, но знаеме да го контролираме бесот и нервозата во одредени ситуации колку и да е тешко.
Но, нестабилните личности многу често и многу брзо бурно реагираат, со знаци на агресивност, без посебна причина.
Тие вреѓаат, се потсмеваат и омаловажуваат други личности.
Често им е здодевно
На ментално нестабилните личности брзо им станува здодевно, бидејќи имаат недостаток на адреналин и имаат потреба од силни емоции, како и внимание од сите.
Има различни емоции од другите
Ментално и емоционално нестабилните личности имаат свои сопствени правила за морал кои не се совпаѓаат со оние на општеството.
Тие не ги искусуваат емоциите како нормални луѓе, па тешко може да ги разберете, бидејќи во многу опасни или тажни ситуации, тие може да бидат возбудени и радосни.
Не жалат
Нормалните луѓе, знаат да ја препознаат својата вина и да жалат за лошите постапки, додека ментално нестабилните, никогаш не ја увидуваат нивната вина и не чувствуваат ништо слично на тоа.
Си се восхитуваат сами на себе
Овие луѓе имаат многу високо мислење за себе и веруваат дека секогаш се во право за сè, па кон другите се однесуваат со ароганција и секогаш бараат тие да бидат во центарот на вниманието, а другите обвинуваат за сè.
М. М. | Црнобело