10 работи кои ви се случуваат кога спиете - ви изгледаат чудни, а се нормални
Телото ви продуцира помалку урина додека спиете
Додека спиете вашето тело произведува анти-диуретски хормон кој предизвикува бубрезите да ослободуваат помалку вода и со тоа ја намалуваат продукцијата на урина.
‘Рчите
При спиењето мускулите кои ги држат патиштата на воздухот отворени се релаксираат, што значи дека делови од нашата уста и грло не се сосема отворени, како кога сме будни. Воздухот има проблем кога минува низ нив и затоа при дишењето доаѓа до ‘рчење.
Имате секс
Вистина е, некои луѓе може да имаат секс додека спијат. Слично како ситуацијата со јадењето. Феноменот се случува кога половина сме будни, половина заспани и личноста не е свесна за своите постапки. Ова се нарекува сексомнија.
Ви паѓа температурата на телото
Ја губиме способноста да ја одржуваме температурата на телото и околу два часа пред будењето телото има најниска температура. Ова е нормално кај луѓето и затоа спиењето во постудена соба е добро, му помага на телото да се чувствува посмирено и подготвено за сон.
Имате сон во сон
Замислете како се будите од сон, го гасите алармот, станувате и наеднаш во тоалетот работите стануваат чудни. Како да лебдите,а огледалото ви се мрда пред очи. Потоа, се будите повторно и сфаќате дека сè уште сте во кревет и дека тоа претходно не било реално.
С. С. | Црнобело