10 работи кои ви се случуваат кога спиете - ви изгледаат чудни, а се нормални
Дали некогаш ви се има случено да јадете додека спиете или пак да чувствувате дека сте привремено парализирани?
Спиењето е време кога телото закрепнува од активностите во текот на денот. Тогаш тоа ужива во мир и тишина.
Но, дали некогаш ви се случило нешто чудно среде сон?
Чудни работи при спиење кои всушност се нормални:
Чувствувате дека паѓате
Дури 70% од луѓето го имаат искусено ова, но никој не ја знае причината. Се смета дека е нормално, освен ако не доведе до несоница.
Зборувате
Им се случува на двајца од тројца возрасни. Неретко тоа нема никаква смисла и тие зборови не секогаш рефлектираат вистински спомени или емоции.
Јадете во сон
Кога мозокот е заглавен помеѓу две фази, меѓу длабок сон и будност луѓето може да прават чудни работи за кои не се свесни. Една од нив е и јадењето.
Привремено сте парализирани
Како комплетно да сте заглавени во своето тело и можете да ги мрдате само очите. Оваа парализа во сон може да му се случи секому, но ретко може да биде знак за нарушувањето наречено нарколепсија.
Можете да ги контролирате соништата додека спиете
Може да имате впечаток дека соништата се ваша реалност, без разлика колку и да се чудни, но некои луѓе имаат способност да почувствуваат дека сонуваат и дури може и да контролираат дел од своите соништа.