5 медитациски чекори за полесно заспивање
Постојат повеќе причини зошто во некои ноќи тешко заспиваме, но повеќе од сигурно е дека добро би ни дошла помош за во такви ситуации.
Било да сте имале стресен ден, да сте изеле многу храна или да сте претерале со кофеинот, постои начин да успеете да заспиете и тој се нарекува - медитација пред спиење.
За телото да се стави во состојба на одморање, треба да биде подготвено на акцијата наречена спиење. Тоа значи дека треба да е целосно релаксирано и спремно да стапи во длабок сон. На пример, еден од значајните чекори кои може да помогнат е себеприфаќањето и помирувањето со настаните од изминатиот ден.
Не треба да бидете строги кон себе, особено не пред спиење.
Ваквата медитација можете да ја применувате во пет чекори, секоја вечер пред спиење, па дури и тогаш кога сте сигурни дека добро сте се наспале претходната вечер.
1. Легнете и релаксирајте се. Уживајте во чувството на удобност и безбедност кое ви го дава вашиот кревет.
2. Затворете ги очите и сконцентрирајте се на дишењето. Задлабочете се во неговиот ритам.
3. Почнете свесно да го релаксирате своето тело, почнувајќи од ножните прсти.
4. Продолжете постепено и чувствувајте како секој мускул и зглоб од телото се релаксираат. Бидете среќни со себе и сакајте се.
5. Правете го сето ова полека и нежно, исто како да заспивате бебе. Ако ви се случи да се „разбудите“, почнете повторно од стапалата.
Е. Д. | Црнобело