20 мали, секојдневни работи за кои забораваме да бидеме благодарни

Со брзото и динамично темпо на живот, многу луѓе забораваат како да се радуваат на малите работи и целат само кон повисоки и големи достигнувања.

20-mali-sekojdnevni-raboti-za-koi-zaboravame-da-bideme-blagodarni-01.jpg

Но, животот носи секојдневно мали задоволства на кои треба да научите како да се радувате, но и да ги цените.

Доколку научите како да бидете благодарни за ситниците кои ви се случуваат секојдневно, ќе живеете многу помирен, позитивен и исполнет живот, без да „трчате“ некаде и да брзате да достигнете нешто недостижно.

Покрај големите работи, не заборавајте да бидете благодарни, да се радувате и да се насмевнете на следниве работи и моменти:

1. За тоа што се будите во уште еден нов ден и сте способни да станете од креветот и да го живеете животот.

20-mali-sekojdnevni-raboti-za-koi-zaboravame-da-bideme-blagodarni-02.jpg

2. Кога на временска прогноза ќе видите дека ќе биде врнежливо кога треба да одите некаде, а нема да заврне.

3. Кога ќе се разбудите испаничени и по некоја секунда ќе сфатите дека е викенд, па слатко продолжувате.

20-mali-sekojdnevni-raboti-za-koi-zaboravame-da-bideme-blagodarni-03.jpg

4. Кога некој пријател ќе допре до вас во вистински момент кога ви е потребен, иако ништо не сте кажале.

20-mali-sekojdnevni-raboti-za-koi-zaboravame-da-bideme-blagodarni-04.jpg

5. За тоа што успевате да погледнете кон минатите битки и сфаќате дека конечно сте ги надминале и биле клучни искуства за вас во животот.

6. За огромното задоволство кое може да го почувствувате од нешто толку мало, како шолја кафе наутро.

20-mali-sekojdnevni-raboti-za-koi-zaboravame-da-bideme-blagodarni-05.jpg

7. За моментите кои ви се толку смешни што почнувате да испуштате чудни звуци бидејќи не може да се сопрете.

8. Кога ќе го дочекате изгрејсонцето со саканата личност и е поубаво од било која Инстаграм фотка.

20-mali-sekojdnevni-raboti-za-koi-zaboravame-da-bideme-blagodarni-06.jpg

9. Кога ќе се разбудите по првото ѕвонење на алармот и веднаш се чувствувате расонето.

10. Кога брзате бидејќи доцните некаде и светлото на сите семафори ќе биде зелено.

20-mali-sekojdnevni-raboti-za-koi-zaboravame-da-bideme-blagodarni-07.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
Зелка од 30kg, огромно глуварче: 13 работи кои ќе ве запрепастат со големината Огромни грутки мраз кои паѓаат како дожд, цвеќе поголемо од дланката, јајце кое ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg