20 мали, секојдневни работи за кои забораваме да бидеме благодарни
11. Кога ќе искусите нешто што знаете дека пред неколку години ќе ве вознемирело, а сега не допира толку до вас.
12. Кога ќе успеете да најдете време да се ослободите од куп работи во домот и ќе сфатите дека се чувствувате поубаво без нив.
13. Кога интернетот на работа ви е брз и беспрекорно си ја вршите работата.
14. За моментите кога седите дома во топла атмосфера и гледате серија, а конечно немате никакви обврски кои ви тежат над глава.
15. За неочекувано топлите и сончеви денови среде зима.
16. Кога ќе слушнете песна што сте ја обожавале во минатото, а сте ја заборавиле.
17. Кога ќе се изнасмеете без посебна причина, само затоа што слушате како некој заразно се смее.
18. Кога ќе запознаете некој со толку слични интереси и размислувања, што веднаш знаете дека ви е сродна душа.
19. Кога ќе прочитате нешто што некој напишал и ќе сфатите дека сте поминале низ истото, но се чувствувате помалку лошо за тоа бидејќи сте го надминале.
20. За сите моменти поминати со најблиските и најсаканите, во смеа и радост.
М. М. | Црнобело