Зошто модринките ја менуваат бојата и уште 5 информации за тие што сакаат да знаат сè

Кое суштество е бесмртно? Зошто астронаутите се во просек 5 сантиметри повисоки во вселената отколку на земјата?

zoshto-modrinkite-ja-menuvaat-bojata-i-ushte-4-infromacii-za-tie-shto-sakaat-da-znaat-se-01.jpg

Дали сте љубопитен човек кој го интересира вистината како функционираат сите работи околу нас?

Ако е така, тогаш овие информации ќе би бидат добредојдени:

Зошто модринките ја менуваат бојата?

Причината е хемоглобинот. Крвта од оштетените капилари на местото каде сме се удриле се „пролева“ под кожата, давајќи ѝ ја бојата на хемоглобин заситен со кислород, која е црвена. Потоа овој т.н. оксихемоглобин се претвора во хемоглобин и модринката станува виолетова.

Потоа, благодарение на белите крвни зрнца - леукоцити, хемоглобинот се разградува и е заменет со биливердин, жолчен пигмент кој дава зелена боја. Тој е последен на местото на повредата, а потоа таа полека избледува, изгледа жолта и комплетно исчезнува.

Понекогаш модринката може едновремено да биде обоена во различни бои на различни места поради тоа што некаде ударот бил посилен, некаде послаб. Инаку, модринките на нозете закрепнуваат побавно отколку на рацете поради поголемиот крвен притисок во нозете.

zoshto-modrinkite-ja-menuvaat-bojata-i-ushte-4-infromacii-za-tie-shto-sakaat-da-znaat-se-05.jpg

Зошто снегот крцка под нашите нозе?

Нема ништо поубаво од звукот на снегулките кои пукаат под нашите нозе. Снежната покривка која се состои не само од овие нежни кристали, туку и од воздух, се набива под притисокот на нашата тежина, па тие се кршат и се создава специфичниот вкус.

Ова не се случува кога температурата е околу 0 степени Целзиусови или над нулата, но кога температурите се под нулата тенок слој вода се смрзнува на површината на снегулката и доаѓа до овој звук.

zoshto-modrinkite-ja-menuvaat-bojata-i-ushte-4-infromacii-za-tie-shto-sakaat-da-znaat-se-02.jpg

Која е уникатната моќ на сунѓерот?

На планетава живеат 8.000 различни видови на сунѓери. Ова неверојатно суштество се наоѓа на најдолната гранка на животните, се приврзува за едно место и целиот живот го минува таму.

Нема одделни органи и различни ткива, улогата ја играат клетките.

Помеѓу другите уникатни карактеристики, тој има и една „супермоќ“ - неверојатна способност за регенерација. На пример ако се искине на парчиња од клетките ќе се создадат нови организми, кои ако ги ставите во ист сад потоа ќе се спојат, поради тоа што клетките ќе се препознаат меѓусебно.

zoshto-modrinkite-ja-menuvaat-bojata-i-ushte-4-infromacii-za-tie-shto-sakaat-da-znaat-se-03.jpg

Уште 3 информации на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg