5 кралски правила кои принцезата Дијана ги прекрши со добра цел

Можеби го напушти кралското семејство кога се разведе од принцот Чарлс, но прекршувањата на кралските правила кои ги направи додека беа во брак, засекогаш ќе останат запаметени.

5-kralski-pravila-koi-princezata-dijana-gi-prekrsi-so-dobra-cel-001.jpg

Кралски „прекршоци“ кои Дијана ги направи со добра намера и цел:

Не се согласи да се „потчини“ во брачниот завет

Иако по правило невестата треба да се согласи дека ќе му биде послушна на сопругот, Дијана го изостави тој дел во нејзиниот брачен завет. По неа, тоа го направија и Кејт Мидлтон и Меган Маркл, со што старата кралска традиција се прекрши.

5-kralski-pravila-koi-princezata-dijana-gi-prekrsi-so-dobra-cel-1.jpg

Ги носеше децата на кралските турнеи

Додека Дијана не влезе во кралското семејство, децата биле оставани дома со дадилките, додека родителите биле на турнеја и кралска должност. Принцезата Дијана не сакала да ги остава Вилијам и Хари сами, па инсистирала да ги носи на интернационални посети.

5-kralski-pravila-koi-princezata-dijana-gi-prekrsi-so-dobra-cel-2.jpg

Се породи во болница

Кралицата Елизабета и сите претходни жени во кралската историја се породувале во некоја од кралските палати. Откако принцезата Дијана се породи во St. Mary болницата, Кејт Мидлтон ги заследи нејзините стапки и трите дечиња ги роди во истата болница.

5-kralski-pravila-koi-princezata-dijana-gi-prekrsi-so-dobra-cel-3.jpg

Престанала да носи ракавици

Иако кралицата Елизабета до ден денес носи ракавици за јавните појавувања, принцезата Дијана сакаше да има голи раце. Сметала дека на тој начин ќе биде поблиска со луѓето со кои остварува контакт и нема да има „бариера“ при поздравувањето.

5-kralski-pravila-koi-princezata-dijana-gi-prekrsi-so-dobra-cel-4.jpg

Истото важи и за кралските капи

Ракавиците не биле единствениот аксесоар кој Дијана престанала да го носи, иако биле дел од кралските традиции. Во еден наврат рекла дека не може да ги гушка луѓето кога на себе има голема капа, па затоа одбрала да се откаже од нив како моден додаток.

5-kralski-pravila-koi-princezata-dijana-gi-prekrsi-so-dobra-cel-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg