Ситуации во кои непознати луѓе направиле нечиј ден многу поубав со нивните дела
Би било одлично доколку сите се обидуваат барем едно добро дело во текот на секој ден – светот би бил многу подобро место за живот.
Постојат многу луѓе кои се подготвени да се жртвуваат себеси или своето време, за да помогнат некому, па дури и ако е непознат.
Тие се вистински херои во реалноста и успеваат да разубават нечиј ден со многу малку, што за некого значи многу.
Токму такви се овие луѓе чии приказни нема да ве остават рамнодушни:
Еден дечко во јавен превоз забележал повозрасен човек кој се мачи да најде насока на неговиот телефон. Дечкото прашал дали може да му помогне и поминал 20 минути учејќи го како да користи Google Maps.
Понекогаш правењето добри дела не бара воопшто голем напор, само малку внимание.
Човек на мотор ги принудил автомобилите да застанат за стара бабичка да помине безбедно улица.
Возач на Audi штител моторџија кој паднал на автопат.
Соучениците на едно момче од сиромашно семејство му подариле паметен телефон за роденден.
Овој човек ги соблекол неговите патики и му ги дал на босоног бездомник во метро, а тој си ги облекол работничките чевли повторно.
Повеќе медицински лица од Чангџоу чекале ред за наизменично да прават компресии на градите за да одржат момче во живот, додека чекале поквалификувани доктори од Шангај да пристигнат и го спасиле!
М. М. | Црнобело