10 совети од фотографот на Хари и Меган како да имате совршени љубовни фотографии
Запомнете дека целта на фотографиите е да бидат убави спомени, па така не срамете се да покажете искрени емоции преку насмевки и прегратки.
Фотографот Alexi Lubomirski ги правеше фотографиите од свршувачката на принцот Хари и Меган Маркл, како и оние на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
На неговите фотографии се гледаат емоции, љубов и енергија, па затоа неговата работа е ценета низ целиот свет.
Како да го постигнете истиот ефект и на вашите љубовни фотографии?
Aко позирате:
- Природноста е клучот, па така добредојдени се насмевки, прегратки и држење за раце при позирањето. Не колебајте се да направите некој потег, бидете опуштени и на фотографот гледајте само како на некој човек што се шета со апарат.
- Ако сакате доза на интимност на фотографиите, тогаш допрете ги телата едно до друго.
- Запомнете дека главната намена на фотографиите е да бидат убави спомени, па така не нервирајте се затоа што не е сè околу вас совршено. Ако гледате „мани“, верувајте токму тоа дава природност.
- За да има искрени емоции, потребно е да изберете место кое ви е навистина мило, па така позирајте таму каде што се запознавте, каде што се бакнавте првпат или на место на кое шетате често заедно.
- За време на позирањето концентрирајте се на убавата страна на животот и предадете се на емоциите, заборавете комплетно на сите грижи.