Како да се преживее губењето на пријателството со оние кои ни биле најблиски?
На некои пријателства, за жал, не им е судено да останат вечни. Распаѓањето на пријателството често може да боли еднакво како и раскинувањето на љубовната врска.
Иако сме мислеле дека засекогаш ќе останеме блиски со оној кој ни бил најдобар пријател, реалноста некогаш е далеку поинаква. Причините за прекинување на пријателство можат да бидат најразлични, од изгубена доверба, па до недоразбирање со фатален крај.
Нашите животи се менуваат, а се менуваме и ние. Некогаш е сосема нормално веќе да немате заеднички интереси со најдобриот пријател и тука патиштата почнуваат да се раздвојуваат.
Но, како да се преживее сето тоа, со што помалку болка?
Прифатете дека тоа е нормално
Пријателствата се како врските, а промените се сосема нормални. Иако ви е тешко, помирете се дека со таа личност можеби ќе останете само на поздравување кога ќе се разминете.
Бидете нежни и фини кон себе
Не се обвинувајте и не се прашувајте каде сте згрешиле. Оставете времето да покаже дали тоа пријателство ќе заслужи нова шанса во иднина. А дотогаш, останете фокусирани на оние кои сè уште ви се пријатели.
Размислувајте како возрасни
Пријателствата ве учат на важни лекции, исто како и другите односи со луѓето. Токму ова изгубено пријателство може во иднина да ви помогне повнимателно да избирате кого пуштате во својот живот. Исто така, ќе бидете и поотворени, но и ќе ги засилите критериумите за склопување нови пријателства.
Вратете се на нормалниот начин на живот
Нормално е да сакате одреден период да се изолирате, особено знаејќи дека возрасните потешко склопуваат пријателство. Но, не заборавајте дека надвор некаде вие имате живот и контакти. Можеби ќе успеете да се зближите со некого и да имате квалитетен меѓусебен однос кој ќе резултира со постабилно пријателство.
Е. Д. | Црнобело