Како да (не) разговарате со лица кои страдаат од депресија?
Иако живееме во модерно и напредно време, свесноста за менталните болести сè уште е многу ниска, особено кога се работи за депресијата.
Многумина од оние кои веќе страдаат од депресија, пропаѓаат уште повеќе поради тоа што ретко кој има слух за нивната состојба.
Ваквиот пристап е многу погрешен, а останатите, некогаш со голема желба да помогнат, всушност само ја влошуваат ситуацијата.
Депресијата е една голема борба која овие личности ја имаат со себе и која ги спречува да уживаат во обичните нешта кои останатите ги прават среќни.
Еден од најпогрешните совети е „Обиди се да се ослободиш од депресијата“ - тоа навистина не е така едноставно.
Ова се нешта кои никогаш не смеете да ги кажете на депресивна личност:
1. „Само помини преку тоа“
Тоа е исто како на некого со скршеница да му речете да не мисли на болката и ќе му помине.
2. Не инсистирајте на решенија кои делувале кај други
Иако на некого му помогнале кино и сладолед за да се чувствува подобро, факт е дека клиничката депресија не се лечи така.
3. Не се лутете ако не ви ги прифаќаат советите
Не сфаќајте лично ништо што доаѓа од депресивна личност. Дури и кога сте со најдобра намера, тие не го перцепираат тоа така.
4. Сфатете дека и кога се тажни, може да им биде добро
Тагата не е неприродно чувство и не треба да ја бркате од себе. Кога депресивните личности се тажни, тоа е всушност добро, бидејќи конечно чувствуваат некаква емоција по подолг период.
Обидете се да разговарате со овие личности на следниве начини:
1. Зборувајте со нормален тон
Нема потреба да звучите тажно и сочувствително, само затоа што соговорникот се чувствува така. Напротив, однесувајте се така како што сте расположени.
2. Немате одговорност да ги лечите
Вие не сте ниту лекар ниту психијатар, туку нивен пријател, брат, сестра, братучед... Нормално е да се грижите за нив, но правете го тоа со вашето присуство, не со некои измислени методи.
3. Поставете граници што не можете да правите
Природно е да сакате да ѝ помогнете на блиската личност која е во депресија, но поставете граници. Не сакате да дозволите нивните барања и желби да бидат ваш приоритет и да ви го исполнат животот. На вас е да решите до каде може да одат.
4. Барајте ги за нормални нешта или замолете ги за помош
Покажете ѝ на оваа личност дека е важна. Повикајте ја со вас на промоција или замолете ја да ви помогне во засадувањето нови цвеќиња во дворот. Во тие моменти не ја покренувајте темата за депресијата, освен ако самите не ја започнат.
Е. Д. | Црнобело