Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто некои луѓе мразат прегратки и други физички контакти?

Некои се родени гушкачи, а некои, едноставно, не сакаат ниту да се допрат со некого рамо од рамо на поминување.

zoshto-nekoi-lugje-mrazat-pregratki-i-drugi-fizichki-kontakti-1.jpg

За некого нема да можете да сфатите дека не е „физички“ тип на личност сè додека не се обидете да го гушнете.

Таквата ситуација може да биде непријатна и за двајцата.

Едниот нема да знае како да прекине, а другиот ќе се згрчи и ќе треба да даде до знаење дека тоа не му се допаѓа.

Зошто луѓето или сакаат или мразат прегратки?

Најголемиот дел уживаат во прегратка со некој кој го сакаат, било да е член на семејството, пријател или партнер. Но, колку и да се прегратките важен дел од меѓусебните односи, некои луѓе навистина не можат да го поднесат тоа, па се повлекуваат и оддаваат впечаток на диви и непристапни.

Иако се верува дека такви се деца чии родители не им давале доволно физички контакт, всушност може да се случи и оние кои имале премногу прегратки да развијат аверзија.

zoshto-nekoi-lugje-mrazat-pregratki-i-drugi-fizichki-kontakti-2.jpg

Како да се однесувате кон некој кој мрази прегратки?

Колку и да сакате некоја личност, одолејте на тоа да ја загушите во вашата прегратка. По некое време можеби ќе попуштат, особено ако имате близок и значаен однос.

Секогаш играјте на сигурно и пружете само рака, па ако забележите дека имате доволно простор, тогаш одлучете се на прегратка.

zoshto-nekoi-lugje-mrazat-pregratki-i-drugi-fizichki-kontakti-3.jpg

Како да ја надминете аверзијата кон физичкиот контакт?

Ако се наоѓате на другата страна, онаа која не сака гушкање, најдобро е да го дадете до знаење тоа на оние со кои се зближувате.

Навикнете се на тоа дека често ќе бидете погрешно сфаќани дека не се трудите доволно или дека некого не сакате.

Објаснете дека ви треба повеќе време за да воспоставите физичка врска и ставете си во глава дека нема ништо лошо во тоа некој да ве гушне.

Е. Д. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg