10 работи кои секојдневно ги правите погрешно

Според голем број на истражувања, животот го живееме по навика 47% од времето.

10-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogresno-001.jpg

Ова значи дека од мали нозе сме „автоматизирани“ да правиме некои работи на одреден начин, без да имаме време да размислиме дали се правилни или сепак има и подобар начин.

Како на пример:

10. Држење на чашата

Правилно би било чашата да ја држите за „дршката“, за да не ја промените температурата на пијалакот кој е во неа.

10-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogresno-01.jpg

9. Миење на косата

Иако сите сакаат да имаат свежо измиена коса секој ден, сепак дерматолозите велат дека на тој начин ги отстранувате добрите маснотии. Затоа, препорачуваат миење 2-3 пати во неделата.

10-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogresno-02.jpg

8. Подгревање во микробранова

За храната да биде рамномерно стоплена, најдобро е да ја поставите во облик на круг, во кој ќе направите мала дупка во средина.

10-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogresno-03.jpg

7. Носење обични шноли

Рамниот дел би требало да гледа нанадвор, а брановидниот да се допира до скалпот на главата, за да го спречите лизгањето.

10-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogresno-04.jpg

6. Чување на лажицата додека готвите

Дизајнерите на тенџерињата мислеле и на овој проблем во текот на готвењето, па затоа рачките имаат дупчиња каде лажицата може да стои без да направите лом наоколу.

10-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogresno-05.jpg

5. Количина на паста за заби

Количината на паста за заби која ја ставате на четкичката не би требала да е поголема од едно гравче.

10-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogresno-06.jpg

4. Топла купка пред спиење

Иако верувате дека топлата купка ќе ве опушти и ќе ви помогне полесно да заспиете, експертите тврдат дека постојат две попаметни опции – или температурата на водата да биде топла, наместо жешка, или купката да ја правите 1-2 часа пред спиење.

10-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogresno-07.jpg

3. Држење на пенкало, маркер, молив

Ако сакате да пишувате побрзо, попаметно би било пенкалото да го држите со палецот и показалецот, а да го потпирате на средниот прст, како на фотографијата десно.

10-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogresno-08.jpg

2. Ставање на сок во чаша

За да избегнете истурање на течноста од тетрапак пакување, тоа треба да биде свртено обратно од вообичаено, како на фотографијата.

10-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogresno-09.jpg

1. Пуштање вода во тоалет

За да избегнете разнесување на бактериите од тоалетната школка, таа треба да биде затворена кога пуштате вода.

10-raboti-koi-sekojdnevno-gi-pravite-pogresno-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg