Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најчестите тетоважи кои девојките се решаваат да ги отстранат

Отстранувањето на тетоважата може да биде доста потежок процес отколку самата изработка, а според многумина и многу болен.

najchestite-tetovazhi-koi-devojkite-se-reshavaat-da-gi-otstranat-01.jpg

Затоа, сите што сакаат да стават тетоважа, треба да размислат убаво што сакаат да стават на своето тело. Сепак, не се ретки ниту оние кои подоцна се покајале или на кои не им се допаѓа тетоважата која ја имаат.

Така, „Bustle“ составија листа на тетоважи за кои девојките најчесто решаваат да ги отстранат од своето тело.

Името на партнерот

Да се стави името на партнерот како трајна тетоважа не е воопшто добра идеја, бидејќи секоја врска некогаш може да пукне, а вие да останете „бележани“.

Тетоважи на долниот дел од грбот

Кога се носеа кроп-топови и фармерки со низок струк, многу девојки направија тетоважи на линијата над грбот над работ на фармерките.

najchestite-tetovazhi-koi-devojkite-se-reshavaat-da-gi-otstranat-02.jpg

Тетоважи направени „на пијано“

Некои тетоважи се последица на лоши одлуки, па така и она што ви изгледало како добра идеја кога сте биле под дејство на алкохол, наредното утро може да предизвика да се удрите по челото.

Тренди тетоважи на кои им поминал рокот

Она што некогаш било популарно, не значи и дека ќе биде за пет години. Затоа, кога треба да ставите нешто трајно на своето тело, размислете и по неколкупати дали ќе ви се допаѓа и во иднина.

najchestite-tetovazhi-koi-devojkite-se-reshavaat-da-gi-otstranat-03.jpg

Тетоважи на видливи места

Можеби во тинејџерските години ви беше кул да имате тетоважа на рачниот зглоб, вратот или прстите, но кога пораснавте сфативте дека тоа е лоша одлука.

Коригирани тетоважи

По неколку години бојата на тетоважите минимално се разлева и се менуваат нијансите, па многумина се решаваат да ги коригираат. Но, кога и тоа ќе тргне наопаку, останува само ласерско отстранување.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои сами си го разубавија домот и не можат да престанат да се фалат (фото) „Имав заштедено 400 евра и два слободни викенда, па решив да ја преуредам кујнат...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Фото-споредби: Луѓе кои си го промениле животот и се претвориле во друга личност Вежбање, поздрава исхрана, но и генерално подобра грижа за себе – луѓе покажуваа...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg