Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали е вистина дека луѓето коишто сакаат да се сами се поинтелигентни и посреќни?

Дали некогаш сте посакале да отидете некаде далеку, толку далеку, каде што ќе нема жива душа околу вас и би живееле потполно сами?

dali-e-vistina-deka-lugjeto-koisto-sakaat-da-se-sami-se-pointeligentni-i-posrekni-01.jpg

Доколку одговорот е да, тогаш поседувате интелигенција над просечната. Ова го тврдат најновите испитувања.

До овој заклучок дошле научниците од Сингапурскиот универзитет за менаџмент и Факултетот за економија и политика во Лондон. Главната идеја било да ја пронајдат поврзаноста помеѓу местата каде што луѓето живеат и колку се среќни и задоволни со својот живот.

Резултатите покажале една многу интересна работа – колку поголема интелигенција имаат луѓето кои живеат во големите градови, толку понесреќни се.

Додека најголемиот дел од луѓето се среќни и задоволни кога се опкружени со пријателите, високоинтелигентните луѓе најдобро се чувствуваат кога се сами.

Зошто се случува тоа? Научниците сугерираат дека се чувствуваме непријатно кога сме во огромна заедница, затоа што нашиот мозок сè уште е еволуциски адаптиран за работа во групи со максимум од 150 луѓе.

Следствено на тоа, колку е личноста попаметна, толку понеудобно се чувствува во голема група на луѓе.

dali-e-vistina-deka-lugjeto-koisto-sakaat-da-se-sami-se-pointeligentni-i-posrekni-02.jpg

Се поставува прашањето зошто најголемиот дел од луѓето најдобро се чувствуваат покрај своите пријатели. Затоа што пријателството нè усреќува, ги задоволува нашите потреби за љубов и приврзаност, ни дава чувство дека некому сме потребни и ни пружа можност за размена на искуства.

Тоа не значи дека интелигентните луѓе се несреќни со други луѓе, туку дека умеат да пронајдат чувство на мир и спокојство дури и кога се сосема сами.

На тој начин може подлабоко да ја анализираат својата суштина и да го погледнат светот од друга перспектива, без постојано да бидат во метеж и со чувство на конфузија и нервоза.

dali-e-vistina-deka-lugjeto-koisto-sakaat-da-se-sami-se-pointeligentni-i-posrekni-03.jpg

(О)Милена | Црнобело / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg