Девојка со две ампутирани нозе освои медал во сноубординг и учествуваше на танцувачко шоу (фото)

Сноубордингот го обожавала од 15-годишна возраст и иако на 19 години останала без двете нозе, Ејми Перди не се откажала од својот сон.

devojka-so-dve-amputirani-noze-osvoi-medal-vo-snoubording-i-uchestvuvashe-na-tancuvachko-shou-foto-01.jpg

Ејми Перди е инспиративна девојка која има 285.000 следбеници на Инстаграм. Ампутирани ѝ се двете нозе и деновиве таа отворено проговори за денот кога мислела дека ќе умре.

Тогаш имала 19 години и многу била болна. Се чувствувала слабо, истоштено и телото ѝ треперело и кога станала, сфатила дека не ги чувствува нозете.

„Моите нозе и раце беа виолетови. Тогаш знаев дека ќе умрам“, вели таа.

Веднаш била пренесена на ургентно и приклучена на апарати. Дијагнозата била дека се заразила со meningococcal meningitis – сериозна состојба, која може да доведе до смрт. Предизвикана од бактеријата Neisseria meningitidis која ги напаѓа заштитните мембрани околу 'рбетниот столб и мозокот.

View this post on Instagram

A post shared by AMY PURDY (@amypurdygurl)

Ѝ било кажано дека има само 2 проценти шанса да преживее, но успеала да преживее. Двете нозе ѝ биле ампутирани, ја изгубила слезината и слухот на левото уво.

„Се сеќавам дека кога ме носеа накај операционата сала да му ги ампутираат нозете бев многу исплашена. Немав идеја каков ќе ми биде животот потоа. Бев сноубордер. Светот е направен за луѓе со нозе. Барем така се чувствував.“

Ејми добила простетички нозе и собрала храброст да појде на планина за да борда. Паднала на задникот и чувствувала дека нозете не ѝ се прикачени за телото. Но, не се откажала од својот сон.

Заедно со Дејвид Гејл, кој во 2015 ѝ станал сопруг, ја отвориле непрофитната организација Adaptive Action Sports во 2005 поради нејзината љубов кон спортот. Таа сакала да им каже на луѓето како неа да не се откажуваат од својата страст кон спортот.

Потоа напишала и книга и успеала снобордингот да издејствува да биде дел од дисциплините на Параолимпијадата. Таа била првата жена што донела дома бронзен медал од сноубординг на Параолимпијада.

Перди е преплашена од предизвиците, но има сила и храброст да се соочи со нив. Таа дури била дел и од шоуто „Dancing With the Stars“, нешто што некој со две простетички нозе не го направил никогаш претходно.

„Верувам дека без разлика на околностите ние сме способни за толку многу. Ако имаме доволно страст, подготвени сме да работиме и сме креативни, тогаш можностите се безгранични“, порачува Ејми.

Дел од нејзините прекрасни фотки:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
13 иритантни работи со кои мажите ги вадат од такт своите сопруги „Маж ми си ги чува носените чорапи, расфрлени среде дневна и спална соба, не му ...
Фото-докази дека некои луѓе имаат неверојатна среќа во животот „Мајка ми си ја најде изгубената мачка после 1 година“. „Потсетување секога...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Емотивни фотки: Дечиња без родители на кои им се исполнила најголемата желба - да бидат посвоени Сингл маж кој посвоил девојче со Даунов синдром, пар кој посвоил пет браќа и сес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg