Стравот од висина значи дека сакаш да стоиш цврсто на земја – што симболизираат останатите стравови од мрак, крв, пајаци, кловнови?
Дали сте знаеле дека стравот од висина всушност означува дека сакате цврсто да стоите на земјата? Стравот од мракот, пак, е индиректно поврзан со страв од непознатото. Арахнофобија е поим кој е прилично познат, станува збор за страв од пајаци.
Психологијата открива многу подлабоки слоеви кое се кријат под основниот страв од најобични нешта.
Откријте нешто повеќе за вашиот страв и неговата симболика:
Стравот од кловнови значи дека ви е важно почитувањето
Дали посетувањето на култниот филм IT работен според истоименото дело на Стивен Кинг ти создава мачнини? Без грижа, секој десетти човек признава дека се плаши од кловнови.
Кловновите се превртливи и постојано изведуваат различни трикови, а нивните маски им овозможуваат да ги избегнат утврдените правила на примерно општествено однесување.
Истражувањата покажале дека кловновите предизвикуваат страв кај децата, затоа што на нивното лице не може да се препознае ниту еден познат израз, им делуваат целосно непристапно и повеќе ги поврзуваат со фантазијата, отколку со луѓето кои носат обични маски.
Читањето на изразот на лицето отсекогаш било клучен елемент за преживување, а нашата немоќ да го процениме чувствата и намерите на кловнот, бидејќи лицето му е покриено со дебела шминка или непрепознатлива маска, ни предизвикува сомнеж.
Луѓето кои се плашат од кловнови се гордеат со својата смисла за правда и вечната потрага по вистината. Тие се искрени, директни, стојат зад своите ставови.
Но, често пати се покажало дека овие луѓе премногу се потпираат на логиката, што од социјален аспект може да ги доведе во непријатни ситуации, бидејќи најголемиот дел од луѓето се водат според чувствата, а не согласно логиката.
Стравот од крв значи дека сте мирни и стабилни
Хемофобијата е страв од крв и повеќе се јавува кај мажите, отколку кај жените. Луѓето коишто страдаат од хемофобија штом забележат и капка крв почнуваат да чувствуваат паника за сопствениот живот, проследена со забрзано срцебиење и висок притисок.
Дали ви се случило да се онесвестите додека ви вадат крв? Онесвестувањето е всушност примитивен рефлекс длабоко закопан во нашиот мозок. Кога очите ќе забележат крв, тие му праќаат порака на мозокот дека нешто не е во ред со телото.
Луѓето кои се плашат од крв имаат силни инстинкти на самозаштита и во групата се истакнуваат како најсмирени и најстабилни. Тие се најчесто гласот на разумот. Многу се грижат за себеси, за своето здравје и надворешниот изглед, и ќе ги забележите по тоа што се секогаш во најдобро можно издание.
Стравот од змии значи дека се грижите за другите луѓе
Присутен кај огромен дел од популацијата, стравот од змии открива дека луѓето се плашат од овие опасни влекачи, бидејќи во минатото им биле плен на предаторите.
Луѓето кои имаат изразен страв од змии најчесто се ориентирани кон своите најблиски и сакаат да им обезбедат сигурност и удобен живот. Истовремено, кога се впуштаат во дискусии, не дозволуваат туѓите аргументи да бидат посилни од нивните.
Стравот од пајаци симболизира дека сте родени лидери
Дури 32% од женската и 18% од машката популација имаат страв од пајаци. Овој страв претставува генетски вродена желба за преживување.
Арахнофобијата карактеризира екстремен, нелогичен, необјаснив и паничен страв од овие инсекти, па дури и од самата помисла на нив.
Потсвеста укажува на вродена склоност да се грижите и да го осигурате сопствениот опстанок и оној на своите најблиски. Чувствителноста и сигурноста се вашите најсилни страни.