Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


30-дневен план: Како да бидете среќни сами со себе?

Кога ќе ви кажат дека среќата не произлегува од друга личност, успех на поле работа, богат социјален живот или еден куп пари на сметка – верувајте.

30-dneven-plan-kako-da-bidete-srekjni-sami-so-sebe-001.jpg

Колку и да звучи како клише, мора да научите да бидете среќни сами со себе за да имате исполнет живот.

Ако некаде попатно заборавивте како да се усреќите себеси, овој 30 дневен план ќе ве врати на правиот пат.

Правете по една мала, но значајна работа секој ден...

Ден 1: Разбудете се 30 минути порано од вообичаено.

Ден 2: Прочитајте книга со инспиративна содржина.

Ден 3: Шетајте надвор, сами.

Ден 4: Направете си топла купка.

Ден 5: Исклучете се од сите социјални мрежи.

Ден 6: Почувствувајте ја убавината на шолјата кафе или чај која ја пиете секојдневно.

Ден 7: Обновете го контактот со човек кој одамна сте го заборавиле.

Ден 8: Згответе нешто што ќе го усреќи вашето тело и апетит.

Ден 9: Пијте многу вода.

Ден 10: Направете напори да се смеете колку почесто можете.

Ден 11: Слушајте ја омилената музика цел ден.

Ден 12: Одете на забава на која се танцува.

Ден 13: Ислушајте некој инспиративен говор.

Ден 14: Направете краток дневен пикник.

Ден 15: Бојте боенка за возрасни.

Ден 16: Најдете начин да направите нешто убаво без да потрошите пари.

Ден 17: Одете на масажа.

Ден 18: Дремнете преку ден.

Ден 19: Упатете комплимент некому.

Ден 20: Уживајте во природа.

Ден 21: Пробајте јога.

Ден 22: Испечете колачиња.

Ден 23: Одете во музеј.

Ден 24: Поминете квалитетно време со семејството.

Ден 25: Одете во некое ново кафуле или ресторан.

Ден 26: Изгледајте филм со среќен крај.

Ден 27: Одвојте 30 минути за да не правите ништо.

Ден 28: Засадете цвеќе.

Ден 29: Медитирајте барем 10 минути.

Ден 30: Легнете си 30-тина минути порано.

М. Д. | Црнобело / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg