Како да натерате некој да ви каже нешто, да престане да ве „зјапа“ и уште 8 психолошки техники
Постојат многу техники со кои може да влијаете на човечката психа, а многу од нив им помагаат на професионалците да манипулираат со луѓето.
Исто така, некои од нив се корисни за да избегнете некој друг да ви влијае, или пак вие да влијаете на некого.
Доколку се интересирате за вакви работи и сакате повеќе од само „празни разговори“, време е да научите некои од следните техники.
Корисниците на Reddit раскажуваат нивни искуства кои биле успешни, а ќе ви бидат корисни во различни ситуации, со секакви соговорници:
1. Ако сакате некој да се чувствува непријатно во текот на разговорот, гледајте го одвреме-навреме во средината на челото.
2. Ако соговорникот избегнува некое прашање или се повлече, паузирајте го разговорот и гледајте го во очи. Ќе се засрами за прекинот на разговорот и ќе продолжи да зборува. Веројатно ќе ви каже и повеќе од потребното верувајќи дека вашата тишина и поглед укажуваат дека веќе знаете многу.
3. Ако сакате да остварите подобар однос со некој (на пример во канцеларија), едноставно побарајте од личноста да ви објасни нешто дури и ако го знаете одговорот. Така ќе му се смени ставот кон вас и ќе имате подобар однос.
4. Ако некој е зафатен и фокусиран на нешто друго (пример разговор на телефон), може да посегнете и тој ќе ви даде било што што држи во моментот и веројатно нема ни да запомни. Истото функционира и обратно.
5. Доволно е само да му кажете на соговорникот дека нештото очигледно не е во негова моќ и не е способен да го направи, и ќе даде сè од себе за да го докаже спротивното.
6. Ако генерално сте задоволни од понудата на некоја личност, но сакате да добиете малку повеќе, направете малку разочаран изглед.
7. Ако постојано се грижите дали сте ја заклучиле вратата или изгасиле пеглата, кога ќе ги правите овие работи, изговорете некоја чудна фраза (зелен зајак – и исклучете ја пеглата). Кога ќе се запрашате дали сте ја изгасиле пеглата, ќе се сетите дека сте ја изговориле чудната фраза и ќе се смирите. Но фразата треба секој пат да биде различна.
8. Ако работите во тим со некој кој е прилично мрзлив, не му давајте работа со зборовите „направи го ова“, туку со „почни со ова“. Така психолошки ќе му влијаете дека ова е полесна работа и полесно и побрзо ќе се нафати да ја заврши.
9. Носете си шишенце вода кога зборувате јавно. Ако се чувствувате несигурно или сте заборавиле што е следно, направете пауза за неколку голтки додека се сетите и никој нема да забележи дека сте се збуниле.
10. Ако некој зјапа во вас додека сте во јавен превоз, вие гледајте во неговите чевли, не се откажувајте. Верувајте, тоа ќе го излуди и ќе престане.
М. М. | Црнобело