Прчат усни, креваат веѓи: 8 знаци дека сте магнетски привлечни во туѓите очи
Дури и најубавите девојки повремено имаат криза со самодовербата. Тогаш се сомневаат дали се доволно атрактивни и занимливи. И обично грешат во проценката.
Можеби ви се чини дека не ве доживуваат како привлечни, бидејќи другите ретко ви даваат комплименти, или, пак, ги креваат веѓите додека разговарате. Воопшто не сте во право.
Обрнете внимание на неколку сигнали. Тие потврдуваат дека каде и да се појавите, луѓето не се рамнодушни на вас. Како да ги препознаете по однесувањето и говорот на телото?
Ова се осумте знаци дека сте магнетски привлечни во туѓите очи:
1. Ретко добивате комплименти.
Постојано се трудите да сте дотерани од глава до пети, а ви делува како никој да не го приметува ова? Ништо не ви е јасно. Меѓутоа, во суштина е мошне логично.
Луѓето мислат дека сте свесни колку добро изгледате, па нема потреба и да ви го кажат тоа во моментот. Веројатно се навикнати на вашето „совршенство“, така што веќе не му придаваат толкаво внимание.
Во секој случај, тие не сметаат дека не заслужувате комплименти. Напротив. Убедени се дека вам ви е здосадено од нив. Затоа и ретко ги добивате. За убавите луѓе генерално постои мислење дека им е доста од внимание.
2. Луѓето ги креваат веѓите кога ќе ве здогледаат.
Психолозите тврдат дека ова го правиме автоматски, секојпат кога ќе видиме личност што ни се допаѓа. Кратко и јасно.
Сепак, мора да посветите внимание, во спротивно нема да го забележите. Таквиот гест трае само петина секунда.
3. Не ве загледуваат само мажи – туку и жени.
Можеби мислите дека ве одмеруваат во негативна смисла, или, пак, ви го критикуваат одреден дел од вашето тело? Поверојатно е дека ве доживуваат како најголема конкуренција.
Па, тие обично се обидуваат да ви пронајдат некаква маана. Или, едноставно уживаат во глетката на убава жена. Да, жените честопати го прават тоа.
4. Се ѕверат директно во вашите очи.
Краткиот поглед во правец кон вас, кој се завршува со блага насмевка, преставуваа пријателски сигнал.
Од друга стана, долгиот поглед право во очите, исто така со насмевка, означува посилни емоции и очигледен обид за воспоставување контакт.
А, особата која ве гледа дури и откако ќе забележите и завртите главата, очигледно е мошне заинтересирана за вас.
5. Многумина ве гледаат, малкумина ви приоѓаат.
Кога ќе излезете во град, вашиот изглед и енергијата со која зрачите, во другите луѓе буди стравопочит. Имаат потреба да ви се восхитуваат - ама од дистанца.
6. Соговорникот не се труди да ја задржи дистанцата.
Ако личноста спроти вас почувствува добри вибрации во текот на разговорот, полека ќе почне да го намалува растојанието меѓу двајцата.
Ќе се обиде што повеќе да ви се приближи. Може дури и „случајно“ да ве допре по раката. Овој знак особено доаѓа до израз кога не сте во гужва, или, пак, нема бучава.
7. Мажите ги прчат усните додека разговараат со вас.
Ова е уште еден јасен сигнал дека на некоја особа сте ѝ привлечни. Дури и мажите несвесно ги прчат усните. Додуша суптилно, а не како за селфи фотка. Попрефинето е и помалку воочливо.
Експертите за говор на телото ја опишуваат ваквата постапка како потсвесна желба за бакнеж.
8. Луѓето се претерано љубезни или екстремно непријателски настроени кон вас.
Обата знака се показатели дека тие не индиферентни кон вас. Самоуверената личност, која нема комплекси, односно себеси се смета за атрактивна и успешна, ќе ги цени истите квалитети и кај другите.
Тоа е причината зошто луѓето кои ги сметате за успешни и атрактивни се љубезни кон вас. Препознаваат слични особини на сопствените.
Од друга страна, убавите луѓе честопати се среќаваат и со негативни реакции, без ништо да ѝ згрешат на особата. Не сфаќајте ги лично – овие луѓе се обично несреќни, имаат ниска самодоверба и во вас го гледаат она што им недостасува ним.
М. A. | Црнобело