Топ 18 работи на кои се горди жените што живеат во 2018

Модерните жени ја делат сметката во ресторан, го кажуваат тоа што го мислат и се едновремено и силни и нежни.

top-18-raboti-na-koi-se-gordi-zenite-shto-ziveat-vo-2018 -01.jpg

Истражувањето на „Always Platinum“ направено на 2.000 жени открива како е да се биде жена во 2018 година, вклучувајќи теми како мајчинство, кариера и самодоверба.

Заклучокот е дека на жените им е најважно да имаат избор и да бидат независни.

На кои 18 работи се горди модерните жени:

- Можноста сами да одлучуваат како ќе ги трошат своите пари.

- Можноста да носат што сакаат - еден ден фармерки и патики, а наредниот фустан со високи потпетици.

top-18-raboti-na-koi-se-gordi-zenite-shto-ziveat-vo-2018 -03.jpg

- Ставот дека жените треба да бидат платени исто како мажите.

- Ставот дека жените и мажите треба да имаат исти права.

- Сè помалиот притисок дека мора да се омажат или да имаат долга врска.

- Можноста да прават избори и да живеат така како што сакаат.

- Посветеноста на своите деца да им дадат исти избори како што имале и тие самите.

- Отвореното изразување на емоции.

- Не чувствувањето потреба да се има деца по секоја цена.

top-18-raboti-na-koi-se-gordi-zenite-shto-ziveat-vo-2018 -02.jpg

- Можноста да бидат на лидерска работна позиција и да водат состаноци.

- Заложувањето за другите жени.

- Покажувањето емпатија кон другите.

- Свесноста дека ако одлучат да бидат домаќинки, тоа не ги прави помалку вредни.

- Гласање и поттикнување на другите да го сторат тоа.

- Свесноста дека самодовербата е најважна.

- Отвореното кажување што мислат.

- Подготвеноста да се спротивстават на секој кога тоа е потребно.

- Поставувањето на добар пример за другите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg