Таинствени и возбудливи лавиринти

tainstveni-i-vozbudlivi-lavirinti-povekjeСигурно не сте имале многу прилики во животот да се прошетата низ градини во форма на лавиринт, особено не кај нас. Тие се таинствени, возбудливи...

 

...убави и полни со прави и погрешни патчиња.

Лавиринтите привлекуваат внимание каде и да се, а се неизоставен дел од раскошните градини и дворци. Погледнете ги најубавите лавиринти во светот.

tainstveni-i-vozbudlivi-lavirinti-1

Италијански перфекционизам
Совршено уредениот лавиринт се наоѓа во дворот на познатата вила Ланте во близина на Рим. Вилата е изградена во времето на ренесансата според нацртите на славниот архитект Јакоб Барози. Покрај фасцинантниот лавиринт, внимание привлекуваат и фонтаните и водоскоците.

tainstveni-i-vozbudlivi-lavirinti-2

Камен лавиринт
Во провинцијата и градот Гранада се наоѓа дворецот на последните муслимански владатели на Шпанија. Алхамбра е изградена во XIII век, а од 1984 година е на списокот на УНЕСКО за светско културно наследство. Во малото гратче во замокот се простира огромен камен лавиринт.

tainstveni-i-vozbudlivi-lavirinti-3

Орнаменти крај езерото
Селото Утинг покрај вештачкото езеро Амерсе во Германија секоја година добива нов 'Ex Оrnamentis' во трева која потсетува на лавиринт. Во 2001 година на тој начин е прикажано познатото дело на Да Винчи - Витрувијански човек, додека пак минатата година ѕвезди биле Астерикс и Обеликс. На посетителите најчесто им треба околу 1 час како би го пронашле излезот од лавиринтот.

tainstveni-i-vozbudlivi-lavirinti-4

Субтропско искуство во Англика
Англиската градина Глендурган во Корнвол е стара околу 177 години. Локацијата поради благата клима е створена за зеленило, па затоа одлично успеваат субтропските билки. Лавиринтот не е направен за во него да се изгубите, туку едноставно да уживате во неговата идилична атмосфера.

tainstveni-i-vozbudlivi-lavirinti-5

Опасен лавиринт
Во еден од најдолгите лавиринти на светот, излезот можете да го барате буквално цел ден. На неколку места се поставени мали мостови за да можат посетителите полесно да видат каде се наоѓаат, но средишниот дел каде се наоѓа малата кула е всушност многу подалеку од што изгледа. Имено, станува збор за лавиринт од жива ограда кој е само еден од лавиринтите околу дворецот Лонглит во Англија.

tainstveni-i-vozbudlivi-lavirinti-6

Шато де Виландри
Дворецот Виландри се наоѓа во францускиот регион Лоар. Изграден е во XVI век, а раскошните градини се протегаат на 3 нивоа. Најинтересно ниво е така наречената градина на љубовта која претставува еден од најубавите паркови во Европа. Околу дворецот се наоѓа “кујнската градина” за органско производство на зеленчук.

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Забавни фотки направени во вистински миг (ќе треба да ги погледнете двапати) Неколку генијални фотографии направени од луѓе кои го „фатиле“ совршениот миг - ...
9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот) Цицањето на отровот од змијата може да биде опасно, а ако се обидете да се ориен...
Вени во форма на круг и уште 9 уникатни генетски карактеристики – доказ дека човечкото тело е чудо „На усните ми недостасува пигментација“, „Повремено ми се појавува црвен бе...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Работи што во минатото беа неприфатливи, а денес се секојдневие, низ илустрации Дискриминација на жените врз која било основа. Учење на децата дека старите секо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg