11 луди работи кои се сметаат за нормални во некои држави во светот - мажење за дрво во Индија
Во Египет можете да возите како сакате.
Се разбира, оваа навика прави гужва во сообраќајот и хаос, но полицијата нема да ве казни ако не се движите според правилата.
Во Италија се организира борба со портокали.
На карневалот Carnevale d'Ivrea традиционално има борба со портокали и во текот на 3-те карневалски дена се трошат и по 350 тони портокали.
Во Германија се плаќа данок на црквата.
Во некои религиски заедници во Гераманија постои Kirchensteuer, односно плаќање на данок на црквата. Но, ако не сакате да плаќате тогаш можете да ја напуштите таа религиска заедница.
Во Австралија ќе платите казна ако не се појавите на гласање на избори.
И додека ние имаме избор дали ќе излезе на гласање, во Австралија мораат. Во спротивно ќе платат казна. Но, станува збор за симболична сума од 26 долари.
Во Боливија постои група на женски борачи облечени во силни бои, познати како „cholitas“.
Тие не се професионални спортисти и борењето го комбинираат со други обврски, но на борбите мора да носат национална облека.
С. С. | Црнобело