11 луди работи кои се сметаат за нормални во некои држави во светот - мажење за дрво во Индија
Мора да признаеме и Македонија може да се пофали со некои луди навики и традиции, но ако се спореди со тоа што се смета во нормално во некои делови од светот, па и не сме така чудни.
Секоја земја има свои закони, традиции, правила и тоа е разбирливо. Нели и во Македонија ѝ се ставаат пари во чевлите на невестата на свадбата за да ѝ бидат точни?
И сето тоа е во ред, но сепак во некои држави има работи се оди во крајности понекогаш.
Дел од лудите работи кои се сметаат за нормални во некои држави во светот:
Во Индија некои жени се мажат за дрво.
Наводно некои луѓе кои се раѓаат под силно влијание на планетата Марс не се предодредени за да имаат среќен брак, а постои дури и сајт за состанување каде тие може да се најдат и да си го неутрализираат влијанието еден со друг.
Се смета дека ваквата жена може да му го расипе здравјето на мажот, па затоа таа се мажи за дрво за да му ја пренесе „клетвата“ на него, а потоа дрвото се сече и пали. Мажите не го прават ова.
Луѓето во некои делови од Индонезија користат лисја од банана наместо чинии.
На еден голем лист се става храна за повеќе луѓе и се консумира со раце. Се смета дека ова ги зближува луѓето.
Во Јужна Кореја за новороденчето веднаш се смета дека е една година старо.
Ова се практикува и во некои други земји во светот и според ова сметање на годините се оди на училиште и се пополнуваат документи.
Во Кина метро минува низ станбена зграда.
Подземната линија „Lijiba“ во Кина, верувале или не, минува низ 6-тиот кат од станбена зграда.
На Филипините порциите во локалите за брза храна се огромни.
Не треба да се чудите ако помфритот што ќе го добиете е доволен за 6 луѓе. На Филипините локалните жители сакаат да ја делат храната со пријателите, па затоа и порциите се такви.
Во Пакистан на еден мотор може да го собере целото семејство.
Сиромаштијата понекогаш ги тера луѓето да прават чудни и небезбедни работи.