Трикови кои ќе ви помогнат да се „спасите“ од досадните комарци во лето
Направете дим
Овој метод е посебно ефективен за вечерни активности надвор, бидејќи комарците и другите инсекти избегнуваат дим бидејќи губат кислород.
Најдете ја причината
Ако комарците почнале почесто да се појавуваат сега од вообичаено, размислете што би можело да го предизвика тоа.
Колку често ја чистите фонтаната, базенот или други водни атракции во дворот? Дали имате вазна со исушени цвеќиња и застарена вода на масата?
Сите овие работи може да бидат причина за привлекување повеќе комарци.
Поставете мрежи на прозорците и вратите
Има многу голем избор на евтини мрежи за прозорци и врати, а дури и да се малку поскапи, ова решение е вредно, бидејќи со сигурност ќе го намали влезот на комарците во домот.
Што да правите ако сепак комарците ве „искасат“?
- Ставете оцет на местото
- Ставете коцка мраз
- Измешајте издробен аспирин со малку вода и нанесете на местото
- Намачкајте малку паста за заби
- И најважно – не се чешајте
М. М. | Црнобело