Која е приказната зад алките кои принцот Хари ги носи веќе 20 години?

Многумина би рекле дека стилот на принцот Хари претрпе промени последниве неколку години, посебно откако ја запозна својата сегашна сопруга, Меган Маркл. Но, од еден детаљ не се откажува.

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-001.jpg

Спротивно од неговиот брат Вилијам, кој одбива да носи дури и бурма со оправдување дека не е фан на накит, принцот Хари своеволно додава накит во своите комбинации.

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-08.jpg

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-09.jpg

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-13.jpg

Неговото модно правило, кое очигледно прераснува во традиција, се задолжителните алки и бразлетни со монисти.

Од нив не се откажа дури ни на свадбениот ден и денот кога ја прогласија свршувачката со Меган.

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-03.jpg

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-04.jpg

„Корените“ на оваа приказна датираат од 1997-ма година, кога принцот Хари за првпат отпатува во Африка заедно со неговиот брат и татко, набрзо по трагичната смрт на принцезата Дијана.

Таму ја ставил својата прва бразлетна, заедно со принцот Вилијам, оддавајќи им чест на тамошните традиции.

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-02.jpg

Сепак, со оглед на тоа што патувањето во Африка за принцот Хари влијаело смирувачки и како што вели самиот ментално го заздравило и му ги отворило очите, продолжил да носи бразлетни со африкански мотиви.

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-12.jpg

„Таму (во Африка) се чувствував поудобно во своја кожа од било каде во светот. Посакувам да поминувам повеќе време во Африка. Имам чувство дека добивам комплетна релаксација и нормален живот во тие краишта.“

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-10.jpg

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-06.jpg

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-05.jpg

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-01.jpg

Дури и Меган Маркл во повеќе наврати беше сликана со идентична бразлетна како на принцот Хари:

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-07.jpg

koja-e-prikaznata-zad-alkite-koi-princot-hari-gi-nosi-vekje-20-godini-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg