Какви животни лекции треба да научиме од Јапонците за да станеме подобри луѓе?
„Ганбару“ или направете го тоа најдобро што можете
Многумина од нас ќе се откажат од нешто, доколку на патот кон целта се соочат со тешкотии или ако сфатат дека трошат премногу време и пари. Но, Јапонците секогаш сакаат да ги завршуваат започнатите работи до крај.
Секое ветување треба да биде исполнето
Кога Јапонец нешто ќе ви вети, тогаш можете да бидете сигурни дека тоа ќе биде исполнето. Ако сте договорени да се најдете во 18 часот, тогаш ниту дожд, ниту бура не може да ги спречи да се најдат со вас.
Во случај да не можат, ќе се јават навреме за да се извинат, или ќе испратат некого да се види со вас и да се извини во нивно име.
Јапонците не се националисти
Според жителите на Јапонија, покажувањето и докажувањето која земја е најдобра е бесмислено. Секој од нас, помалку или повеќе, „си влече“ кон корените и тоа за нив е сосема во ред.
Граѓаните се многу одговорни
За време на Светското првенство и во 2014 и оваа година, бевме изненадени што јапоснките фанови ги чистеа трибините зад себе. Такви се и дома, но и кога се на забава во домот на пријател.
Тие секогаш ќе ви помогнат да средите, па дури потоа ќе си отидат.
Тие се секогаш точни
Точноста на Јапонците им е многу важна. Кај нив сè е точно - и возниот ред и времето кога отвораат продавниците и фирмите и тие, кога треба да се појават на договорено место.
Ова објаснува доволно зошто сè во оваа земја е ефикасно и функционира беспрекорно.
Е. Д. | Црнобело