Какви животни лекции треба да научиме од Јапонците за да станеме подобри луѓе?
Оние кои биле во Јапонија секогаш се воодушевени од тоа како сè функционира беспрекорно. Улиците се чисти, јавниот превоз не доцни, луѓето се љубезни и шармантни, а кој еднаш бил таму, се враќа со позитивни промени во својата личност.
Прочитајте какви навики негуваат Јапонците, кои можете да ги применувате и вие:
Секогаш враќаат услуга, без оглед на сè
Во Јапонија луѓето знаат дека за секоја услуга треба да покажат почит и благодарност. На пример, ако некој ви помогне со внесувањето на мебелот во новиот дом, вие поканете го на ручек веднаш штом ќе се вселите.
Љубезноста е повеќе од благодарност
Љубезноста и добрите манири се значаен дел од јапонската култура. Таму, секој ќе ви помогне да ја најдете бараната адреса или ќе ви прави друштво додека да стигнете таму каде што треба да бидете.
Несебично ќе поделат оброк со вас и ќе ви прават друштво кога сте осамени.
Често ги ставаат другите пред себе
Јапонците им покажуваат на луѓето колку им се важни со тоа што ги ставаат пред себе. Во јапонските домови гостите имаат специјално место на трпезата, а спијат во најубавите гостински соби.
Никој од групата не е игнориран
Кога е во прашање забава, сите се поканети. Нема да се случи, на пример, тим од работното место, да не биде поканет на пијачка или забава. Доаѓаат сите! Таквото однесување ги учи на толеранција на различностите, но и почит за желбите на другите.
Јапонците умеат да слушаат
Тие секогаш ќе ви дадат шанса први да го искажете своето мислење и внимателно ќе ве слушаат, без да ве прекинат. Го почитуваат мислењето на другите, а нивните дискусии се одвиваат мирно и културно, без надвикување и наметнување на ставови.