10 бон тон правила за на плажа, кои некултурните луѓе секое лето ги забораваат
Не е во ред да пушите на плажа
- Во зависност од правецот на ветрот, чадот од вашата цигара може да оди некому во лице.
- Иритирачки е кога мирисот од цигарата го загадува прекрасниот воздух со мирис на море.
- Ако не можете без доза никотин, пронајдете соодветна позиција за да не им пречите на соседите и не ги фрлајте догорчиња на плажата.
Оставете ја плажата чиста по заминувањето
На повеќето плажи има поставено канти за отпадоци на соодветно место, па немате оправдување да не го фрлите ѓубрето откако ќе си заминете, без разлика дали тоа се остатоци од овошје или мрсна ќесичка од чипс.
Не бидете гласни
- Не заборавајте дека повеќето луѓе на плажата сакаат да одмораат, па почитувајте им ја желбата.
- Запомнете дека звукот се шири полесно на плажа, па затоа тонот одржувајте го тивок.
- Не претерувајте со гласноста на музиката, бидејќи некои луѓе сакаат да ги слушаат брановите, а не вашиот музички избор.
- Научете ги вашите деца да не врескаат.
- Плачењето и карањето се иритирачки на плажа, па избегнете ги.
Облечете се кога одите на ручек во ресторанот на плажа
Нема потреба другите луѓе да ве гледаат во костим за капење додека ручаат, иако ресторанот е на плажа. Ставете барем некаква наметка.
Совет плус
- Постојано држете ги вашите деца на око.
- Не се пресоблекувајте пред сите, туку одете во гардероба.
- Не се разголувајте комплетно, ако плажа не е конкретно наменета за нудисти.
- Не му дозволувајте на вашето куче да се капе во морето и да се тресе блиску до другите луѓе.
С. С.| Црнобело