Биле „покосени“ од обична настинка, плаќале со зрна какао - Факти за древните индијански племиња

Според митологијата на Маите, луѓето настанале од пченка.

Повеќето племиња верувале дека „Quetzalcoatl“ (змија) е добар бог кој ги дарувал со дожд за растенијата и кој ги враќал коските на човештвото од под земја, дозволувајќи враќање во живот на човечкиот вид. 

bile-pokoseni-od-obichna-nastinka-plakjale-so-zrna-kakao-fakti-za-drevnite-indijanski-pleminja-15.jpg

Ацтеките сакале тутун и пушеле цигари а не лулиња.

Само императорот на Ацтеките смеел да носи тиркизна облека.

Кралот на Ацтеките Монтезума пиел 50 шољи какао на ден и уште една, секогаш кога излегувал да се сретне со пријателка од понежниот пол. 

bile-pokoseni-od-obichna-nastinka-plakjale-so-zrna-kakao-fakti-za-drevnite-indijanski-pleminja-16.jpg

Кај Ацтеките, законски морало сите деца да одат на училиште, дури и робовите.

Инките понекогаш користеле черепи наместо чаши.

Маите правеле хартија од кора од дрвја и пишувале во книги направени од хартија. Овие книги се викале „codices“. Четири од овие „codices“ сѐ уште постојат. 

bile-pokoseni-od-obichna-nastinka-plakjale-so-zrna-kakao-fakti-za-drevnite-indijanski-pleminja-05.jpg

Повеќето од Маите живееле во земјоделски села кога пристигнале Шпанците. Некогаш големата империја била веќе заборавена длабоко во џунглите.

Инките ги поправале своите мостови секоја година. Ова се сметало за технички преглед.

Кочими се голема група на Индијански племиња. На крајот од деветнаесетиот век, највеќе поради епидемии и болести, племето изумрело. Шаманите за време на церемонии носеле украси на главата направени од човечка коса. 

bile-pokoseni-od-obichna-nastinka-plakjale-so-zrna-kakao-fakti-za-drevnite-indijanski-pleminja-13.jpg

Инките ги тестирале своите деца за да видат дали треба да научат занает, или да бидат администратори и благородници.

Имањето на џеб полн со какао било исто како да имате торба полна со пари, па така, за Ацтеките, парите навистина растеле на дрва.

И покрај тоа што Инките биле најголемата Американска империја пред Колумбија, тие немале напишан јазик. 

bile-pokoseni-od-obichna-nastinka-plakjale-so-zrna-kakao-fakti-za-drevnite-indijanski-pleminja-10.jpg

Маите и Ацтеките исто како и Египјаните, граделе пирамиди во чест на нивните богови. Пирамидата се сметала за центар на нивните градови и имала важна улога во нивната религија.

За крај, имињата Ацтеки и Маи се лажни. Ацтеките не се нарекувале Ацтеки и Маите не се нарекувале Маи.

bile-pokoseni-od-obichna-nastinka-plakjale-so-zrna-kakao-fakti-za-drevnite-indijanski-pleminja-20.jpg

еНВи| Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg