Што правеле најуспешните луѓе на денешницата кога имале 16 години?
Ким Кардашијан
На својата 16 годишна возраст кралицата на ријалити шоу и една од најпознатите светски ѕвезди воопшто не размислувала за живот во кругот на славните.
Таа била ученик во средното училиште Marymount и нејзините соученици од тоа време ја опишуваат како тивка, мирна и повлечена личност.
Лери Пејџ
Еден од основачите на најпознатиот онлајн пребарувач Google, на 16 години бил ученик во средно училиште во Мичиген.
Поради неговите родители кои биле компјутерски инженери, тој од мала возраст знае дека еден ден ќе основа сопствена компанија.
Бил Гејтс
Еден од најпознатите и најбогатите луѓе во светот кој долго време беше број еден на оваа листа, пораснал во богата фамилија во Сиетл. Уште на млада возраст се запознава со светот на компјутерите и тоа придонесува на само 16 години да лансира компанија наречена Traf-O-Data.
Џ. К. Роулинг
Познатата авторка на една од најпопуларните светски книги, Хари Потер, на својата 16 годишна возраст била одличен ученик во средното училиште Wyedean во Англија.
Но во тој период таа се справувала со семејна трагедија, нејзината мајка боледувала од мултиплекс склероза и подоцна опишува дека овој период ѝ бил еден од најтешките во нејзиниот живот.
Стив Џобс
Во своите тинејџерски години, Стив Џобс бил ученик во средно училиште со просечен успех.
Тој никогаш не добивал одлични оценки, но секогаш бил фокусиран на својата работа и на голем број на експерименти кои ги правел заедно со неговиот колега и партнер со кој подоцна ја основа компанијата Apple, Стив Вознијак.
К. Д. | Црнобело