14 типови на луѓе што ќе ги сретнете на плажа и нивното мото
Инстаграмџиката
Мото: „#summer2018 #vitaminsea #morningslikethese“
Карактеристики: По цел ден фотографира, го бара совршениот ефект на фотките и ги прикачува на социјалните мрежи.
Секогаш гладните
Мото: „Колку сум гладен/а, ми кркори стомакот!“
Карактеристики: Носат чипс, сок, благо, овошје и постојано јадат нешто и им довикнуваат на продавачите што минуваат по плажата да купат и крофнички.
Шегаџијата
Мото: „Ајде, ќе биде забавно!“
Карактеристики: Фаќа морски суштества и тивко и нечујно ви прави пакости кога не очекувате.
Лудиот по забава
Мото: „Дојдов на море за да се забавувам.“
Карактеристики: Цел одмор не влегува во море затоа што спиел на плажа како последица на изминатата бурна ноќ со алкохол.
Атлетот
Мото: „Извинете, топката летна во погрешна насока.“
Карактеристики: Има фризби и 5 топки и постојано е во движење, прави врева и крева прашина и ги нервира луѓето наоколу.
Зависникот од адреналин
Мото: „Сè уште не се возевме со скутер.“
Карактеристики: Постојано е во акција, обожава екстремни спортови и ги тера сите други да пробаат.
Мајката
Мото: „Каде ти е играчката?“
Карактеристики: Со непријатен тон му се обраќа на малото дете, а на моменти вреска и може да ја слушнат и на соседната плажа.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





