10 „закони“ според кои живеат здодевните луѓе
Се дружат со здодевни луѓе
Комуницираат со луѓе слични на нив, кои исто така немаат што да кажат и животот го водат на здодевен начин.
Ако запознаат нови интересни луѓе најверојатно се плашат дека немаат што да им кажат.
Размислуваат каков впечаток им оставаат на другите
Харизматичните луѓе од здодевните ги разликуваат многу работи, но најмногу природноста.
Здодевните луѓе премногу се грижат што ќе кажат другите за нив, па на моменти дури неприродно се обидуваат да бидат смешни и да привлечат внимание и тоа не изгледа убаво.
Користат стандардни фрази во разговорите
Здодевните луѓе водат здодевни разговори. Постојано поставуваат исти прашања и даваат исти одговори. Во тие разговори нема ништо лично, туку сè е чиста формалност.
Тие не ја почитуваат личноста на соговорникот и не се трудат да го прашаат нешто лично, туку користат фрази од типот: „Што има ново?“
Зборуваат бавно и уморно
Раскажуваат долги приказни безенергично и се здодевни за слушање. Со часови може да ја вртат истата тема, иако поентата е истакната уште одамна.
Монотони се и кажуваат некои стари, избледени шеги.
Исплашени се да сонуваат за иднината
Тие се исплашени да прават планови и не знаат да сонуваат за иднината. Немаат јасно поставени цели и со тоа нормално не можат да си ги изреализираат соништата.
Немаат желби и не се заинтересирани за својата иднина.
С. С. | Црнобело