10 „закони“ според кои живеат здодевните луѓе
Нивната фантазија е сиромашна, разговорите со нив се еднолични и поставуваат клише прашања.
Психолозите тврдат дека кога луѓето околу вас ви изгледаат здодевни и работата не ви е забавна, тогаш причината треба да ја побарате во вас, а не во надворешните околности.
Но, повеќето луѓе нема да признаат дека всушност тие и нивните рутини се здодевни, а не луѓето околу нив.
Лоши навики на здодевните луѓе:
Не го испуштаат телефонот
Додека им зборувате тие постојано го фаќаат телефонот како комуникацијата со вас да им е здодевна. Некултурни се и здодевни за друштво.
Поголемиот број од луѓе се навредени во вакви ситуации и средбите со овие луѓе ги сведуваат на минимум.
Зборуваат само за себе
Во ред е, секој сака да се пожали за својот живот од време навреме или да раскаже за своите победи, но тие постојано го прават тоа. Кога им зборувате за некој тема не обрнуваат внимание и забавно им е само кога тие се во фокусот на вниманието.
Забораваат дека во разговорите мора да има баланс, емпатија и активно слушање.
Ништо не може да ги изненади
Цинични се, не веруваат во реализација на соништата и забораваат на убавините на малите работи во животот.
Дури и да ги изненадите со некое убаво дело нема да се израдуваат затоа што нивниот живот е сив и од него исчезнати се светлите бои.
Не излегуваат од комфорната зона
Тие не сакаат да излезат од комфорната зона и да преземат некој ризик. Градат ѕидови околу себе и не го живеат животот со полн здив.
На тој начин спречуваат многу убави и забавни работи во својот живот.
Не читаат
Книгите отвораат нови светови и тоа не е клише. Но, здодевните луѓе не учат нови работи, нивната фантазија е сиромашна и разговорите со нив се еднолични.
Тие не се добри соговорници, а со тоа и не се посакувани како пријатели.